Бидете позитивни. Размислувајте ведро. Луѓето околу вас се среќни и возбудени – бидете едни од нив! Секој ден давајте малку од себе и сè што правите, правете го до максимум. Но исто така и уживајте по пат. Морате да го сакате тоа што го правите.rnrn
rnrnАко работата не ве исполнува, променете ја! Ако работата ви е некреативна – променете ја! Ако работата ви е нешто што ве оддалечува од долгогодишниот сон – променете ја! Животот е премногу краток да бидете заглавени 8 часа во денот, секојдневно.rnrnОбразувајте се. Никогаш не престанувајте да работите на себе. Човекот учи додека е жив, па собирајте што е можно повеќе информации. Наместо една, скокајте по две скали! Не можете да бидете престари за знаење.rnrnЗдравиот појадок исто така е многу важен, а не занемарувајте го и овошјето. Не јадете доцна навечер, избегнувајте го белиот шеќер, белото брашно, белата сол, белиот леб… Истражувајте нови здрави производи, јадете протеини, но избегнувајте јаглехидрати и заситени масти!rnrnЦедените сокови се и поздрави одошто мислите, а водата во големи количини може целосно да ви го смени животот. Физичката активност и квалитетниот сон треба да ви бидат приоритети во животот. Најдете среќа во вежбањето и спиењето.rnrnПрестанете да пушите. Престанете да пиете! Почнете да се распрашувате како можете да им помогнете и на другите што се борат со ваков вид зависности. Грижете се и за животната средина – пронајдете организација за заштита и помогнете што е можно повеќе.rnrnБидете пријатни, чувствителни, културни. Не користете погрдни зборови. Барајте го доброто во луѓето и никогаш не престанувајте да се борите за човештвото. Не губете ја довербата, бидете искрени и директни и секогаш кажувајте го тоа што го мислите.rnrnТрошете го времето на корисен начин – воздигнете се културно, проширете ги видиците, разговарајте со интелектуалци. Одете на опера, читајте книги, гледајте документарни филмови. Сменете го начинот на кој размислувате и гледате на светот.rnrnОд корен искорнете ги негативните мисли. Ако не можете сами, посетете психотерапевт. Работете на себе и во духовна смисла. Зајакнете го рационалниот ум, подобрете ја емоционалната сила и стишите го импулсивниот дел (но не отстранувајте го целосно!).rnrnОбидувајте се добро да заработувате. Парите гарантираат самостојност и слобода. Не дозволувајте да зависите од друг и носете мудри финансиски одлуки. Штедете, но повремено почестете се и со поскапи задоволства.rnrnТрошете паметно – за најновата опрема за вежбање, за аронија и брусници, за курсеви за веб-дизајн и работилници за работа на себе. Не заборавајте и на излегувањата со најблиските, што ќе ве наполнат со позитивна енергија.rnrnБидете организирани – менаџментот на времето лесно се учи. Правете ги луѓето околу вас среќни. Внимавајте на семејството и пријателите, посветувајте им повеќе време и енергија, но гледајте тоа да биде константно и подеднакво. Не заборавајте на важните датуми!rnrnПатувајте. Бидете толерантни. Размислувајте глобално. Ослободете се од конзервативните, традиционалните и малограѓанските мисли. Поминувајте време во природата и воспоставете целосен контакт со вашиот ум.rnrnИли не правете ништо од ова!rnrnПостојат толку многу правила за совршен живот, но само вие знаете точно што ви треба. Искористете ги оние што сметате дека би ви помогнале, а игнорирајте ги останатите. И следен пат кога некој ќе ви каже како да живеете, насмејте се и продолжете си по своето!
Следете ги овие правила и животот ќе ви стане совршен!
