Од насловни во списанија, па сè до познати кампањи и моден изглед на славните ѕвезди, овие експерти во областа на уметноста со нокти постојано поставуваат нови трендови. Па, доколку сакате да бидете во тек со она што е во мода, тогаш дефинитивно треба да ги следите профилите на Инстаграм на овие познати техничари за дизајн на нокти…rn
1. Адам Сли
rn
rnrnАдам Сли редовно работи со ѕвездите како Рита Ора и ангелите од „Victoria’s Secret“. Доколку сакате да ја следите неговата неверојатна работа со ѕвездите од насловна, моделите како и одличната уметност на дизајни за ноктите на рацете и нозете, тогаш дефинитивно треба да го следите неговиот профил на Инстаграм.rn
2. Луси Такер
rn
rnrnТаа работела со многу познати ѕвезди, меѓу кои и Лејди Гага и Шерил Фернандез-Версини. Нејзината работа редовно ја споделува на нејзиниот профил на Инстаграм каде што исто така објавува и експерименти кои ги прави на своите нокти, кои изгледаат како вистински уметнички дела.rn
3. Софи Робсон
rn
rnrnЕдна од најпознатите уметници на нокти во Лондон е токму Софи Робсон која има нејзин сопствен бренд за самолепливи дизајни на нокти. За да бидете во тек со нејзините креативни идеи, кои секогаш се оригинални и возбудливи, следете го нејзиниот профил на Инстаграм.rn
4. Маријан Њуман
rn
rnrnКога станува збор за дизајн на нокти на модните писти, Маријан Њуман е првата на која ѝ се обраќаат за помош. Нејзиниот изглед за моделите како Карли Клос е иконски, па токму затоа и треба да ја следите на Инстаграм. Таа со нејзините неверојатни дизајни на нокти секојдневно ќе ве инспирира за нешто ново.rn
5. Џесика Хофман
rn
rnrnЏесика Хофман работела со дел од најневеројатните брендови и славни личности како Кара Делвин и Џордан Дан. Таа редовно ја објавува својата работа на Инстаграм, која може да ви послужи како добар начин да се инспирирате кога размислувате за нов дизајн на вашите нокти.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
