За нас септември е супер месец, бидејќи знаеме дека летото сѐ уште трае, но е многу поблаго, а есента е на прагот и ни овозможува конечно повторно да уживаме во сите оние сезонски трендови кои моравме да ги ставиме „на пауза“ во текот на жешките летни денови. И да, септември е совршен за спој на летото и есента, бидејќи само тогаш можете да го носите омилениот летен фустан и омилената кожна јакна и тоа во иста модна комбинација! Па, дали може да биде посовршено? Затоа, доколку и вие се радувате на оваа меѓу сезона, тогаш ви даваме неколку супер стилски идеи за вашите есенски модни комбинации.rnrn
rnrn1. Омилената летна боја, жолтата, комбинирајте ја со омилената блуза во есенски бои за едноставна, но симпатична комбинација која може да се опише како „дожд од бои“. Целата комбинација надополнете ја со едноставни аксесоари.rnrn
rnrn2. Време е повторно без грижа на совеста да ги носите вашите омилени фармерки, па комбинирајте ги со она што најмногу го сакавте во текот на летото – лесни блузи и папучи.rnrn
rnrn3. Не се откажувајте од вашиот омилен летен фустан! Во текот на топлите септемврски денови носете го со бела блуза и модерни бели чизми или патики.rnrn
rnrn4. Коцките се повторно во мода! Ако ги носите во црно-бела варијанта, комбинирајте ги со тесни панталони и каубојски чизми до глуждовите.rnrn
rnrn5. Ако не сакате да се откажете од белата кошула-фустан која толку многу сте сакале да ја носите во текот на летото, за септември ви е доволно да ја надополните со крем панталони и аксесоари. Тоа е тој едноставен, а модерен изглед.rnrn
rnrn6. А, еве и уште една варијанта – омилениот бел летен фустан само збогатете го со кожна јакна и подготвени сте за топлите септемвриски ноќи.rnrn
rnrn7. Ќе признаете дека ја сакате есента, бидејќи не морате да размислувате за тоа дали ќе ви биде топло во комбинацијата која сте ја осмислиле. Затоа, сега слободно можете да ги носите сите долги здолништа, а заради балансот, комбинирајте ги со лесни блузи. Кога избирате вакво секси издание, слободно одлучете се и за високи потпетици.rnrn
rnrn8. Кога ќе посакате да изгледате урбано и кул, тогаш изберете модерни фармерки со вез, едноставна бела блуза и ултра модерен елек. Ќе изгледате како една од вашите инспиративни ѕвезди на уличната мода.rnrn
rnrn9. Исто така, предвид доаѓаат и ваквите креативни комбинации. Овој фустан/мантил го сакаме веднаш!rnrn
rnrn10. Заборавете на класичните модели и форми кога се во прашање фармерките. Спојте го убавото и модерното со овој комбинезон од тексас.rnrn
rnrn11. Модните комбинации инспирирани од темата „враќање во училиште“ се одлични за во септември. Па затоа, создадете комбинација која содржи кошула, џемпер, каро дезен и оксфордки. Тоа е тоа!rnrn
Сладок, модерен и тренди септември: Супер стилски идеи за вашите есенски модни комбинации
