Кулата „Porsche Design“ е станбена зграда која ќе се гради во Мајами, а нејзини креатори се „Porsche Design“ и „Dezer Development“. Оваа кула од 60 ката има иновативна структура, однадвор и однатре, а најинтересно е тоа што можете со лифт да си го качите возилото во вашиот стан. Се наоѓа покрај океанот, нуди 132 стана, а секој од нив има од две до четири паркинг места.rnrn
rnrnЗградата има три лифта, а станарите можат да влезат или да излезат од дома, седејќи си комфорно во својот автомобил. Околу 20 милијардери веќе си обезбедија стан во оваа зграда, но ќе можат да се вселат дури во 2016 година.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.