Вчеравечер втората фаза во „Куќите на судиите“ помина доста возбудливо. Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач имаа тешка задача како ментори, да одберат по три најдобри кандидати од својата група, кои повторно ќе ги гледаме на настапите во живо, во јануари, 2014 година. На Жељко помош околу изборот му даде пејачот Тони Цетински, а Кристина ја поддржуваше пејачката Леонтина Вукомановиќ.rnrn
rnrnПосле макотрпното размислување, судиите ги одбраа своите фаворити. Во групата на Жељко „Постари од 27“, во наредната рунда се пласираа Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ и нашата гордост Даниел Кајмакоски.rnrnОд друга страна, во групата на Кристина „Бендови“, во понатамошно натпреварување се пласира женскиот бенд 4U, машкиот бенд Doktori и нашата Фифи во дуетот со Маринела, под назив H20.rnrnДаниел уште еднаш докажа зошто е еден од фаворитите за победник во Х фактор Адриа. Суперталентираниот Македонец, откако го отпеа хитот на Бруно Марс „When I Was Your Man“, ги воодушеви Жељко и Тони, кои му рекоа дека е фантастичен. Откако си замина Жељко му наведе на Тони дека Даниел поседува светски Х фактор!rnrnrnrnУбав настап кај Кристина и Леонтина имаа и Фифи и Маринела Џогани, кои во дует ја изведоа нумерата „I Was Here“ од Бијонсе. „Нивната енергија супер се согласува“ – јасно кажа Кристина.rnrnrn
Младен Лукиќ
rnrn
Маја Новаковиќ
rnrn
4U (Лана Шојиќ, Теодора Спаравало, Катарина Манојловиќ и Вања Мишиќ)
rnrn
Доктори (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов)
rnrnrnУрош Туркулов, кој е во составот на групата, е роден Штип, а живее во Нови Сад.rnrnЗа жал, македонските браќа Иван и Кико не успеаја да продолжат понатаму. Според Кристина нив им недостасува искуство и не е сигурна дека тие поседуваат X фактор. Сепак, сè уште не е сè изгубено, бидејќи до 7 јануари кога ќе започнат настапите во живо, публиката има можност во шоуто да врати еден од испаднатите кандидати, па да се надеваме дека ќе се одлучи за браќата Раденови. Погледнете го и нивниот настап.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
