КАФЕ ПАУЗА

Им нема рамни: Трите најдобро облечени хороскопски знаци

Им нема рамни: Трите најдобро облечени хороскопски знаци

Не е тајна дека одредени карактеристики на хороскопскиот знак влијаат на стилот на облекување, а во продолжение дознајте кои се најдобро облечените хороскопски знаци.rnrnИм нема рамни: Трите најдобро облечени хороскопски знациrn

Бик

rnЗа припадниците на овој хороскопски знак често се вели дека не постои парче облека што не можат да го носат. Тие имаат непогрешливо чувство за мода и став што ги прави дури и најобичните парчиња облека да изгледаат одлично на нив. Овие личности сакаат квалитетна облека и се подготвени да инвестираат во поскапи парчиња бидејќи знаат дека тоа е долгорочна инвестиција.rn

Лав

rnЛавовите не се плашат да бидат најдобро облечените жени во просторијата. Ним не им треба посебна причина за да носат гламурозни или театрални парчиња облека од кои другите не можат да го тргнат погледот. Тие едноставно знаат да ја носат облеката со којашто другите не сакаат да ризикуваат, па Лавовите се доказ дека модниот ризик се исплаќа. Овие личности водат грижа за квалитетот на материјалот и важно им е нивната облека да биде со добар крој.rn

Вага

rnКога станува збор за модата, неодлучните Ваги вешто балансираат помеѓу трендовите и класиката. Тие сакаат облека што е во мода, но во никој случај нема да носат парчиња што не одговараат на нивниот личен стил, без разлика колку се популарни. Овие личности се љубители на класичните кроеви, но многу се разиграни кога станува збор за изборот на материјали, бои и форми.rnrnПрочитајте кои се најинтересните жени во хороскопот и зошто се толку посебни.