КАФЕ ПАУЗА

Што се случува со вашето тело додека трчате?

Што се случува со вашето тело додека трчате?

Ако сте решиле да започнете со трчање за да ги почувствувате сите придобивки кои тоа ги нуди, тогаш неизбежно е да почувствувате одредени промени во вашето тело додека трчате. Доколку ви се случат некои од следните работи за време на 30-минутен тренинг, не плашете се, тоа е нормално и значи дека сте на вистинскиот пат.rnrnШто се случува со вашето тело додека трчате?rn

Првите неколку секунди

rnШтом почнете да трчате вашето тело ќе почне да ја извлекува енергијата која сте ја добиле преку храната.rn

Првите 90 секунди

rnВо првите 90 секунди ќе го воспоставите темпото на трчање. Процесите во организмот што се одвиваат во овој период ќе резултираат со намалено количество на шеќер во крвта, а мускулите ќе почнат да ослободуваат млечна киселина. Тоа значи дека сте под физички стрес, што не е страшно затоа што тоа сигнализира дека сте почнале да трошите повеќе калории.rn

Следните неколку минути

rnЗа неколку минути срцето ќе почне да ви бие посилно и потешко ќе дишете. Температурата на телото ќе се покачи што ќе резултира со потење, а тоа е уште еден добар знак. Во овој период многу почетници добиваат желба да се откажат, но многу е важно тоа да не ви се случи и да ја задржите правилната форма на трчање.rn

По 10 минути

rnАко сте почетник во трчањето, после 10 минути ќе почувствувате уште повеќе тешкотии. Потешко ќе дишете, но тоа лесно ќе го решите со менување на темпото. Трчајте со нормално темпо, а кога ќе почнете да го губите здивот продолжете со лесно џогирање. Откако ќе се соземете, повторно засилете ја брзината. И повторно, најважно е да ја одржувате волјата и да не се откажувате.rn

По 30 минути

rnНа крајот следува наградата. На организмот веќе не му е потребно толку многу гориво, а згора на тоа тогаш се ослободува и хормонот на среќата. Затоа ќе се чувствувате задоволни и полни со енергија, а тоа ќе ви даде мотив и утре да се вратите на патеката.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.