КАФЕ ПАУЗА

Што се случува со умот и телото кога одеднаш ќе останете без секс?

Раскинување, работа, патувања… Постојат многу причини поради кои вашиот сексуален живот може да застане, на кратко или долго. Но, дали сте знаеле дека ненадејното отсуство на сексот може да влијае врз вашето здравје? Погледнете ги следниве 5 начини на кои тоа влијае врз вас…rnrnШто се случува со умот и телото кога одеднаш ќе останете без секс?rn

1. Анксиозност

rnНаучно е докажано дека сексот помага при ослободувањето од стрес. За време на односот, во мозокот се ослободуваат хемикалии кои ви овозможуваат позитивни емоции и ве опуштаат, како ендорфин и окситоцин. Кога ги нема овие нешта, особено ако сте навикнати на нив, логично е да дојде до промени во расположението.rn

2. Пад на имунитетот

rnКолку помалку имате секс, толку послаб ќе биде вашиот имунитет. Доколку од редовен однос, преминете на повремен, вие исто така ќе го скратите производството на антителата, кои го подигнуваат вашиот имунитет и се борат против вирусите, па на тој начин ќе станете поподложни на настинки и грип.rn

3. Заштита од инфекции

rnАко им верувате на студиите, скоро 80% од уринарните инфекции се појавуваат 24 часа по односот. За време на сексот, бактериите од вагината можат да го пронајдат својот пат до мочниот меур, предизвикувајќи воспаление. Тоа значи дека со намалувањето на сексот вие ќе го намалите и ризикот од уринарни инфекции.rn

4. Негативно влијание врз врската

rnАко сте во врска, а сексот ви изостанува, тоа може значително да се одрази на вашиот однос, во лоша смисла. Недостатокот секс може негативно да влијае врз вашата самодоверба така што го намалува нивото на окситоцин и други хормони кои исто така влијаат и врз вашето однесување и расположение. Но, одреден период без секс во врската не мора да значи и дека ќе бидете несреќни. Сексот е израз на интимноста помеѓу две личности, исто како бакнежите, држењето за рака и давањето комплименти, па вие можете да се поврзете и на овој начин, не само физички.rn

5. Депресија

rnГолем број студии дошле до заклучок дека колку подолго немате секс, толку полесно можете да развиете депресија.