Барањето љубов онлајн во некои земји е одамна хит, а и кај нас веќе сѐ поголем број луѓе им даваат шанси на социјалните мрежи со цел на таков начин да го запознаат потенцијалниот партнер. Ако се одлучите да се зачлените на кој било сајт за запознавање сродни души сигурно ќе се сретнете со некои заблуди кои уште на почеток можат да ве обесхрабрат. Овие 3 се најлоши и во нив секако не треба да верувате – барем додека не пробате.rnrn
rn
1. Само губитниците бараат љубов онлајн
rnКога би морале да го замислите просечниот корисник на некои од страниците за пронаоѓање љубов веројатно напамет би ви паднало дека изгледа вака: буцкав, неугледен и несмасен човек кој едноставно нема доволно храброст да зборува во живо со жена. Секако дека има такви, но поголемиот број сепак се нормални луѓе.rn
2. Ризикуваш средба со манијак!
rnПријателите ви ја полнат главата со тоа дека момците од онлајн страниците за состанување, иако изгледаат како нормални луѓе, во живо се тотални манијаци. Во ред, дури и да налетате на некој таков, тоа не значи дека сите кои љубовта ја бараат онлајн се манијаци. Всушност на лудак можете да налетате и во секојдневниот живот, зар не?rn
3. Срамота е
rnИако живееме во ера кога поголемиот дел од работите функционираат преку интернет, на луѓето и понатаму им е срам да признаат дека запознале некого онлајн. Но ако на ваков начин ја пронајдете љубовта на вашиот живот и со него/неа остварите прекрасна врска, дали воопшто е битно дали сте се запознале во реалниот или во виртуелниот свет?