КАФЕ ПАУЗА

Што сѐ предизвикува намалена желба за секс?

Што сѐ предизвикува намалена желба за секс?

Понекогаш ви се случува да немате желба за секс, но не знаете зошто се чувствувате така? Причината за тоа може да биде храната што сте ја јаделе во текот на денот, стресот, недостаток на сон или можеби депресија.rnrnШто сѐ предизвикува намалена желба за секс?rn

Контрацепциски таблети

rnИ покрај тоа што истражувањата за влијанието на таблетите за заштита од бременост на желбата за секс се различни, истражувањето спроведено во 2010 година забележало намалена сексуална желба и возбуда кај жените кои користат контрацепциски пилули, во однос на оние кои не ги користат.rn

Недоволно сон

rnИстражувањата спроведени во 2011 година покажале дека мажите кои спијат помалку од пет часа дневно имаат значителен пад на нивото на тестостерон, што може да предизвика намалена желба за секс. Научниците претпоставуваат дека и кај жените недостатокот на сон подеднакво влијае на сексуалната желба.rn

Јадете премногу

rnВнесувањето во организмот преголема количина заситени масти може да ги затвори артериите и да го намали протокот на крв во полните органи, па тоа исто така може да биде една од причините за намалена сексуална желба.rn

Не јадете доволно

rnНедоволно внесување калории во организмот во текот на денот значи и недостиг на желба за секс, бидејќи ако сте гладни и немате доволно енергија, не е ни чудно што вашиот сексуален нагон е толку низок.rn

Производи за поттикнување на растот на косата

rnИстражувањата спроведени во 2011 година покажале дека производите кои го подобруваат растењето на косата, можат да предизвикаат низок сексуален нагон и лоша ерекција кај мажите.rn

Стрес

rnСтресот е еден од најголемите непријатели за страста во спалната соба. Резултатите од повеќе спроведени истражувања покажале дека кај жените виновник за отсуството на сексуална желба, се стресот и заморот. Во едно американско истражување спроведено во 2011 година, дури 60% од жените изјавиле дека токму тие два фактора го влошиле нивниот сексуален живот.rn

Депресија

rnИ покрај тоа што на стручњаците сѐ уште не им е јасна поврзаноста помеѓу сексот и депресијата, сепак е факт дека таа може да предизвика намалена сексуална желба. Во едно истражување, 70 % од учесниците кои пателе од депресија, имале намалена желба за секс, а не користеле никакви лекови.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.