КАФЕ ПАУЗА

Што прво правите од сабајле и што открива тоа за вашиот карактер?

Written by

in

,

Начинот на кој го започнувате денот може да открие многу за вашите животни приоритети. Тоа открива што го окупира вашиот ум, како и што ви дава енергија за да се движите низ животот. Треба да знаете дека првата мисла во денот ја одредува и насоката во која потоа ќе се движите, а со тоа и нашиот карактер. Пронајдете ја подолу активноста којашто прво ја правите од сабајле и дознајте што кажува тоа за вас.rnrnshto-prvo-pravite-od-sabajle-i-shto-otkriva-toa-za-vashiot-karakterrn

1. Проверување на будилникот

rnЛуѓето што стануваат и веднаш го проверуваат будилникот имаат многу нешта во мислите. Тие најчесто стануваат пред тој да заѕвони и веќе се спремни за работа. Тие исто така и многу го ценат своето време, па затоа и мразат да го губат на непотребни нешта.rn

2. Одложување на алармот

rnЛуѓето што го одложуваат будењето е вистински работници, но обожаваат да работат по свое темпо. Тие не сакаат авторитет, па затоа и најдобро работат кога имаат целосна слободна. Почетоците им тргнуваат бавно, но секогаш ја завршуваат работата добро.rn

3. Поглед кон партнерот

rnТие што прво помислуваат на својот партнер од сабајле се познати како безнадежни романтичари и зависници од своите сакани. Нивниот ден не може да почне без прегратка од љубовта на нивниот живот, и најчесто мислат на нив сè додека не си легнат повторно.rn

4. Гледање пред себе

rnЛуѓето што ги отвораат очите и се „губат“ во погледот пред себе се големи мечтатели. Обично се обидуваат да се вратат во сонот што претходно го сонувале. Тие се креативни, мислители и филозофи.rn

5. Враќање на спиење

rnЛуѓето што се будат и потоа повторно заспиваат воопшто не се грижат за остатокот од светот. Тоа е нивно време и тие го прифаќаат со уживање. Тие си се шефови самите на себе и сами одлучуваат што да направат. Безгрижни се, но сакаат спокоен живот.rn

6. Проверување на социјалните мрежи

rnЛуѓето што веднаш по будењето ги проверуваат социјалните мрежи се многу зависни од другите и имаат потреба од нивна потврда дека вредат. Тие се заинтересирани за животите на другите луѓе и искрено се интересираат за тоа што тие го прават.rn

7. Проверување на имејлот

rnЛуѓето што прво помислуваат на имејлот обично се лидери во своите полиња. Тие секогаш се зафатени, и секој момент од нивното време мора да им биде испланиран. Тие се паметни и точни.rn

8. Лежење без мрдање или размислување

rnЛуѓето што по будењето не размислуваат на ништо, ниту пак имаат желба да проверат нешто, се креативни мислители. Кога ќе се разбудат со празна листа обврски, тие можат да направат сè што сакаат ако не им кажат нешто спротивно. Обично се спремни за тој ден, но не се сигурни што им спрема денот.rn

9. Чувство на збунетост

rnНекои луѓе секојдневно се будат збунети. Како да им досадува веднаш што ги отворат очите и едноставно не знаат што треба да направат следно. Потребно им е време да им се разбистрат мислите и да се активираат, па дури потоа продолжуваат со денот. Многу бавно.rn

10. Станување од кревет

rnВеднаш по будењето „скокате“ од кревет? Тогаш сте едни од најактивните луѓе на планетата Земја. Вие се будите освежени и целосно спремни за соочување светот. Исто така вежбате, трчате и постојано правите нешто продуктивно.rnrnИмате проблеми со будењето? Прочитајте и за најуспешните техники за рано будење!