КАФЕ ПАУЗА

Што претставува крвавењето по сексуалниот однос?

Што претставува крварењето по сексуалниот однос?

Без разлика дали тоа ви се случило веднаш по сексуалниот однос или малку подоцна, постојат повеќе причини поради кои се појавува крвавење. Но, нема потреба да се грижите. Во продолжение ви ги претставуваме најчестите причини за оваа појава. Доколку препознаете некоја причина од оваа листа, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор, особено доколку станува збор за инфекција.rnrnШто претставува крварењето по сексуалниот однос?rn

Интензивен однос

rnДоколку за прв пат сте имале интензивен сексуален однос, постои можност да се направила раничка на вагиналниот ѕид која кравари.rn

Спирала

rnПостои можност работ на спиралата да го иритира грлото на матката за време на сексуалниот однос, при што може да дојде до крвавење.rn

Циклус

rnДоколку треба да добиете за неколку дена или пак, вашиот циклус само што завршил, крвавењето е возможно поради големата контракција на мускулите.rn

Вагинална инфекција

rnГабичните или бактериските инфекции можат да доведат до воспалување на грлото на матката, при што може да дојде до крвавење. Задолжително одете на доктор доколку имате болки, чешање или промена во секретот.rn

Контрацептивни таблети

rnКрвавењето после сексуалниот однос може да настане како несакана последица од контрацепционите таблети. На телото му е потребно и до неколку месеци целосно да се прилагоди на контрацепцијата, па благото крвавење не е ништо необично.rn

Сувост на вагината

rnДоколку нема доволно влага во вагината, со триењето за време на пенетрацијата може да се раскине ткивото на вагината, при што доаѓа до крвавење. Следниот пат користете лубриканти.rn

Сексуално преносливи болести

rnОвде сè е јасно, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог – доколку се сомневате.rnrnПрочитајте ги и овие 9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи.