КАФЕ ПАУЗА

9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи

9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи

Болката за време на сексот е многу почеста појава одошто мислите. Според едно британско истражување во кое учествувале 7.000 жени на возраст од 16 до 74 години, по една на секои 10 жени чувствувала болка за време на сексуалните односи. Доколку и вие го имате истиот проблем, знајте дека не сте сами. Болниот секс подразбира намалено сексуално задоволство, анксиозност и вагинална сувост. Поради тоа, многу жени откриле дека одбегнуваат да имаат секс.rnrn9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односиrnrnЕкспертите тврдат дека сите жени одвреме-навреме доживуваат болка за време на сексот и тоа е сосема нормално. Но, би требало да се загрижите доколку болката е постојана и не се повлекува. Ако е придружена со други симптоми како што се мачнина, повраќање, често мокрење, болки во уринарниот систем, крвавење, вагинален исцедок со непријатен мирис и слично, тоа можеби е знак дека се работи за нешто од патолошка природа. Во таков случај најдобро е да побарате стручна помош.rnrnИ покрај тоа што станува збор за многу чест проблем, сепак многу малку жени се осмелуваат да зборуваат за проблемите поврзани со нивното сексуално здравје. Тоа би требало да се промени. Првиот чекор што можете да го направите е да се информирате. Ова се најчестите 9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи…rn

1. Сувост

rnНајчестата причина што предизвикува болка за време на сексот е сувоста. Ако предиграта не трае доволно долго или имате природно сува вагина, сексот може да биде непријатен и болен. Во овој случај најдобро е да користите лубриканти на природна база.rn

2. Инфекции и болести

rnИнфекциите како генитален херпес, трихомонијаза и габична инфекција можат да предизвикаат многу непријатни проблеми во пределот на гениталиите. Тие се многу чести и затоа важно е да имате заштитени сексуални односи и редовно да одите на гинеколошки преглед.rn

3. Ендометриоза

rnЕндометриозата се јавува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови од телото, како што се јајчниците и јајцеводите. Многу е болна и голем број жени се соочуваат со овој проблем. Лековите против болка и хормонските терапии можат да помогнат во овој случај.rn

4. Воспаление на карлицата

rnВоспалението на карлицата лесно се лекува со антибиотици, но предизвикува големи проблеми. Се случува кога бактериите, кои најчесто се последица на сексуално преносливи болести, патуваат низ вагината до матката. Во таква ситуација, сексот воопшто не е забавен.rnrn9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односиrn

5. Психички и емоционални проблеми

rnАнксиозноста, депресијата и стравот не се физички болести, но можат да остават негативни последици на телото. Емоциите играат голема улога во сексуалните односи и можат да бидат причинители на сексуална болка.rn

6. Интерстицијален цистит

rnСтанува збор за воспаление на мочниот меур кое предизвикува големи болки. Доколку некогаш сте имале проблем со вакво воспаление, сигурно знаете дека сексот е многу болен особено при подлабока пенетрација.rn

7. Вагинализам

rnВагинализмот претставува посебна состојба на стегање на вагиналните мускули за време на пенетрација, што го прави сексот многу болен. Сепак, постојат одредени третмани кои можат да ви помогнат да се справите со овој проблем и конечно да искусите сексуален живот полн со возбуда и страст.rn

8. Проблеми со дигестивниот систем

rnКога ќе се спомене дигестивниот систем, сигурно сексот не е првото нешто што ви паѓа на памет. Но, ваквите проблеми го нарушуваат вашиот менструален циклус и предизвикуваат болки во карличниот предел. Освен тоа, за време на сексот можно е да почувствувате притисок на стомакот, што предизвикува болка и го намалува сексуалното задоволство.rn

9. Вонматерична бременост

rnКај вонматеричната бременост доаѓа до всадување на ембрионот надвор од матката, најчесто во јајцеводот. Оваа состојба не само што предизвикува болка за време на сексот, туку е и многу опасна. Доколку се сомневате дека постои можност за вакво нешто, веднаш побарајте лекарска помош.rnrnАко вие сте една од многуте жени кои страдаат за време на сексот, нема потреба да минувате низ тоа сами и да молчите. Нема од што да се срамите, треба само да побарате помош од вашиот лекар. Заслужувате да имате прекрасен сексуален живот и можете да го постигнете доколку се информирате доволно и се обратите на вистинското место.rnrnПрочитајте уште неколку причини зошто ве боли додека имате секс.