КАФЕ ПАУЗА

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор

Што претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одмор

Written by

in

,

Дали и како се разликува состојбата на емоционална исцрпеност од стресот и уморот со кои секојдневно се соочуваме? Емоционалната исцрпеност е хронична состојба на физичко и емоционално исцрпување и може да се појави кога некој ќе доживее период на прекумерен стрес во работата или личниот живот. Ова може да влијае на секојдневниот живот, односите и однесувањето на една личност. Ако искусите некои од овие симптоми на емоционална исцрпеност, тоа може да укаже дека ви треба пауза.rnrnШто претставува емоционална исцрпеност? 5 знаци дека ви е потребен одморrn

1. Лесно се лутите

rnМенталниот и емоционалниот замор лесно може да ви го расипе расположението. Кога сте емоционално исцрпени, потешко е да ги држите емоциите под контрола. Опкружени сте со негативност, а како што минуваат деновите почнувате да губите надеж. За жал, ова може да ве натера да го исфрлите гневот на оние кои ви се најблиски и кои најверојатно не го заслужуваат тоа.rn

2. Не сте продуктивни и немате мотивација

rnХроничниот стрес може да го отежни фокусирањето и да ја намали вашата мотивација. Така, дури и малите обврски кои не бараат голем напор ќе почнат да ви изгледаат застрашувачки и речиси невозможни.rn

3. Постојано се грижите и сте вознемирени

rnЕден од симптомите на емоционална исцрпеност е претераната анксиозност која постојано ќе ве „предупредува“ дека нешто не е во ред.rn

4. Несоница

rnПотешко е да заспиете кога се чувствувате премногу уморни. Според истражувањето, луѓето кои имаат професии со високи „когнитивни оптоварувања“ искусуваат повеќе симптоми на несоница од оние кои немаат. Освен тоа, недостатокот од сон може да го влоши менталниот замор.rn

5. Нездрави избори

rnДруг симптом на емотивна исцрпеност може да биде употребата на алкохол и дрога. За оние, пак, кои веќе имаат проблем со злоупотреба на супстанции, емоционалната исцрпеност може да биде уште поштетна. Причината за ова, според експертите, е тоа што зависноста од дрога ги менува мозочните региони вклучени во управувањето со стресот и контролата на импулсите.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на емоционална исцрпеност, можеби ќе сакате да прочитате и дали менталната болест станува нашето ново секојдневие.rnrnИзвор: themindsjournal.com