Не е лесно да се биде на диета. Не постојат ниту магични апчиња кои ќе ви помогнат да изгледате совршено. За тоа е потребен голем напор, но и карактер да се издржи. Меѓутоа, добро е да знаете што не смеете и што е ефикасно, за да стигнете до целта побрзо и полесно. Овие осум работи е препорачливо да не ги правите додека се трудите да спуштите некој килограм.rnrn
rn
Прескокнување оброци
rnОва со сигурност нема да ви помогне при губењето на килограмите. Напротив, прескокнувањето оброци е лошо за вашето тело. Затоа подобро јадете повеќе мали оброци дневно, отколку неколку обилно.rn
Не исклучувајте ги јаглехидратите
rnТие се многу потребни за правилно функционирање на мозокот. Хранливите влакна се важни за целокупното здравје на организмот.rnrn
rn
Не изгладнувајте се
rnДоколку се изгладнувате постојано ќе се чувствувате поспано, мрзеливо и анемично. Според многу анализи, гладувањето го ослабува и срцето.rn
Немојте да вежбате повеќе од еден час
rnБез оглед на тоа колкава е вашата желба да изгубите што е можно поголем број од килограмите, немојте да се форсирате. Еден час вежбање е сосема доволно, особено ако сте на диета.rn
Одберете режим за тренирање кој вам ви одговара
rnИако не треба да тренирате напорно за време на држењето диета, тоа не значи дека треба тотално да ги занемарите физичките активности, бидејќи без нив ќе се чувствувате исцрпено.rnrn
rn
Не поставувајте си нереални цели
rnСекогаш размислувајте реално, кога станува збора за губењето на тежината. Ова е важно за да не се разочарате и да се откажете. Напредувајте постепено и без форсирање.rn
Немојте да се мерите на вага секој ден
rnОва сигурно може да ве обесхрабри. Тежината, особено кај жените, може да варира и по неколку пати дневно, особено за време на ПМС или во првите денови од менструалниот циклус.rnrn
rn
Не земајте лекови и апчиња за слабеење по нечија препорака
rnДоколку некој пријател ви раскаже како некој ослабел со помош на апчиња, не залажувајте се веднаш да ги купите. Советувајте се со лекар, бидејќи вашиот организам може да функционира на сосема различен начин и да не ги поднесува тие апчиња.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
