КАФЕ ПАУЗА

Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

Ако овие денови прошетате низ кој било пазар, цвеќарница или поголем трговски центар, ќе наидете на мали цветни растенија во бела, виолетова, розова и црвена боја кои сега се поубави од кога било. Станува збор за цвеќето ерика кое доаѓа до израз кога другите растенија се подготвуваат за зимски одмор. Во продолжение прочитајте зошто ериките се најдобриот можен украс на балконот во текот на зимата.rnrnЦветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништоrn

1. Сакаат ниски температури

rnНајчестата причина зошто многу луѓе го одбираат ова цвеќе е тоа што му одговараат ниските температури. Имено, температурата која се движи помеѓу 5 и 15 °С е идеална за неговиот раст и развој.rnrnЕриката сака повремено изложување на сонце и во тој случај може да ја смени бојата, но не е клучно за нејзиното цветање. Дури и ако вашиот балкон е свртен кон северната страна или ако е изложена само еден или два часа на сончева светлина во текот на зимските месеци, на ериката нема да ѝ пречи тоа.rn

2. Тие му даваат неодолива боја на балконот

rnЕриките ги има во бела, розова, виолетова и црвена боја. Во време кога балконот е празен и зеленилото исчезнува од него, ериката ќе му даде неодолива боја што ќе го разубави дури и најмрачниот зимски ден.rnrnТие се идеални за меѓусебно комбинирање, но во саксијата треба да има најмалку 15 центиметри простор за развој на коренот, така што може да се добијат многу комбинации на бои, во зависност од вашиот вкус или од бојата на балконот.rnrnЦветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништоrn

3. Многу се лесни за одржување

rnДруга предност е што тие навистина бараат минимално внимание, а даваат многу. Имено, откако ќе ги засадите ериките во саксии, кои мора да имаат дупки на дното за што подобра дренажа, ќе треба да ги наводнувате само еднаш или двапати неделно.Откако ќе се навикнат на своето ново опкружување по неколку седмици, доволно е да ги наводнувате само еднаш на секои седум дена.rnrnОсвен добро дренирана почва и повремено сонце, на ова цвеќе не му требаат други посебни услови. Дополнителното ѓубриво може само да му наштети, па експертите советуваат дека треба да се избегнува.rnrnПо зимските месеци, потребно е само да се откинат сите исушени цветови и гранчиња за да се овозможи растот на нови пролетни цвеќиња.rnrnПогледнете со кои цвеќиња балконот ќе изгледа магично во текот на есента.