КАФЕ ПАУЗА

Што им се случува на заљубените парови?

Што им се случува на заљубените парови?

Откријте низ што сѐ поминуваат заљубените парови, а ако и вие сте биле во ваква состојба, можеби ќе се пронајдете.rnrnШто им се случува на заљубените парови?rn

Љубовта ја менува активноста на мозокот

rnЉубовта е моќно чувство кое активира дури 12 делови од мозокот меѓу кои и делот задолжен за зависност. За 1/5 секунда луѓето веќе знаат дали се заљубени или не, а тоа е благодарение на мозокот кој го испушта хормонот на среќата и создава еуфорија.rn

Заљубените спијат 1 час помалку

rnСо заљубеноста се врзуваат еуфоријата и страста, но и одредена доза страв кој го нарушува добриот сон. Заљубените затоа во просек спијат до 1 час помалку од оние кои не се заљубени, а проблемите со спиењето можат да потраат до 6 месеци.rn

Љубовта ги јакне коските

rnЉубовта ги ублажува болките бидејќи ги активира истите центри во мозокот како и лековите против болки. Таа го јакне костурот на телото, па така оженетите мажи имаат поздрави коски и помал ризик од болести на коските. Стручњаците веруваат дека за тоа е задолжен мирниот начин на живот и поголемата грижа за телото.rn

На заљубените храната им е послатка

rnЗаљубеноста влијае и на разликувањето вкусови, а за тоа е „виновно“ покаченото ниво на окситоцин, хормонот на љубовта.Колку е повисоко нивото на окситоцин, толку е помала можноста за разликување вкусови. На заљубените секоја храна, без разлика на нејзиниот вистински вкус, им делува послатка одошто навистина е.rn

Заљубените имаат проблем со помнењето

rnЉубовта и покаченото ниво на окситоцин негативно влијаат и на способноста за помнење. Имено, заљубените парови полесно забораваат, тешко се концентрираат и полесно им одлетуваат мислите, особено на почетокот на врската. Во нивниот фокус е само партнерот во кого се заљубени.rn

Срцето им чука во истиот ритам

rnЗаљубеноста влијае и на хормоналната рамнотежа, го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Љубовта го синхронизира срцевиот ритам на паровите, па срцето им чука со иста брзина. Исто така, ритамот на женското срце почесто се прилагодува на ритамот на машкото одошто обратно.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.