Обично се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино, но тоа не ги спречува луѓето да пијат и бело. Сега кога деновите се топли и имаме потреба од нешто освежувачко, време е да дознаеме повеќе за белото вино. Иако можеби не сте чуле за нив, овој алкохолен пијалак има три здравствени придобивки кои се доволна причина за да уживате во него. Еве што можете да добиете од чашата бело вино…rnrn
rn
1. Белото вино го подобрува срцето и метаболизмот
rnВо едно истражување од 2015 година, истражувачите побарале од луѓето со дијабетес тип 2 да пијат црвено, бело вино или вода заедно со вечерата во период од 2 години додека истовремено требало да се придржуваат до строга медитеранска исхрана. Иако испитаниците кои пиеле црвено вино забележале најголеми подобрувања во однос на срцето и метаболизмот, оние кои пиеле бело вино исто така имале подобрувања, што сепак значи дека овој алкохолен пијалак има некакво позитивно влијание.rn
2. Белото вино ги подобрува нивоата на холестерол
rnВо едно друго истражување кое траело 1 година, учествувале 146 испитаници од кои едната половина пиеле црвено, а другата половина пиеле бело вино. Истражувачите откриле дека учесниците кои вежбале два пати неделно и пиеле вино од каков било вид забележале значително подобрување на нивоата на холестерол.rn
3. Белото вино ја подобрува функцијата на белите дробови
rnСпоред едно истражување од Универзитетот во Бафало, пиењето бело вино може да ви помогне да го одржите здравјето на белите дробови многу повеќе од црвеното. Врската помеѓу овие две работи е непозната. Можеби позитивното влијание се јавува како последица од количината на антиоксиданси што ги содржи белото вино и кои се борат со слободните радикали, но треба да се направат уште истражувања за да се разјасни сето тоа.rnrnТреба да знаете дека повеќето видови бело вино содржат повеќе шеќер од црвеното, па затоа сетете се на овој податок пред да си ставите втора чаша. И не заборавајте дека за да ги почувствувате здравствените придобивки од белото вино, треба да го пиете во умерени количини.rnrnВо продолжение прочитајте за оние жени кои пијат црвено вино и оние кои пијат бело вино.