Прекрасно е чувството кога подарувате некому нешто, но и кога добивате подарок од некого, особено ако станува збор за личност која ви е многу блиска и драга. Подарокот секогаш треба да биде подарен со намера, односно зад него да стои некаква мисла. Може да го давате со цел да ја искажете љубовта која ја чувствувате, да кажете колку личноста ви значи, да се извините или да барате простување.rnrnСпоред едно истражување во Америка, две третини од жените сакаат да им биде подарена љубовна честитка, но помалку од петтина од мажите го прават тоа. Мажите многу често за своите девојки или сопруги избираат погрешни подароци или ги даваат со погрешна намера. Кога и зошто се случува тоа?rnrn
rnrnГледаат подароците да бидат скапи – Во денешно време како луѓето да се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе пари на нешто. Во ред, парите се важни, но не се единствената работа која е важна. Подарокот не мора да чини многу ниту да има етикета од позната марка. Ако парите се пресуден фактор според кој одбирате подарок ќе постигнете спротивен ефект.rnrnЗабораваат на малите работи – Под подарок не се подразбира само скап накит и парфеми, подарок е вашето внимание и картичка на која ќе пишува „Те сакам“. Жените сакаат цвеќе и картички, а мажите најчесто не ги купуваат.rnrnЗа подарокот не мора да има повод – Не мора да го чекате нејзиниот роденден или да чекате да дојде Божиќ за да ѝ подарите нешто. Кога подарокот е неочекуван станува уште посладок.rnrnНе посветуваат внимание на тоа каква личност е таа – Многумина го подаруваат она што најчесто се подарува во филмовите или она што нивните другари им го подаруваат на своите девојки. Можеби има некои универзални подароци, но секоја девојка е посебна, па третирајте ја како таква! За да ѝ подарите нешто треба да знаете каква е таа како личност, што ѝ се допаѓа а што не, дали преферира бели или црвени рози и дали воопшто сака цвеќиња или повеќе би се израдувала на плишано мече.rnrn
rnrnВистина е дека жените сакаат добри парфеми, убав накит, модерна облека, ако го негираме ова најверојатно би излажале. Но би се зачудиле колку девојките го ценат вниманието кое сте им го посветиле давајќи им малечки подароци како цвеќе, љубовни честитки, чоколадни тортички… Подарокот е знак на внимание, искажување љубов, израз на вашето мислење за неа. Кога еднаш ќе тргнете со помислата дека купувањето подарок е рутина која ви ја наметнува општеството, па затоа мора да ја направите (нели сите купуваат подароци), или кога ќе помислите дека мора да ѝ купите нешто за да ја задржите, токму тоа е моментот кога романтиката и љубовта избледуваат.
Што е тоа што жените го сакаат, а мажите не го купуваат?
