КАФЕ ПАУЗА

5 подароци кои младенците не сакаат да ги добијат на својата венчавка

Written by

in

,

Изборот на идеален подарок за младенците не е лесна задача. Иако многумина се одлучуваат за подарок во плик, голем е бројот и на оние кои сакаат да подарат „класични“ подароци. За да го олесниме вашиот избор, ви откриваме листа на подароци кои не би требало да им ги подарите на младенците.rnrn2-5-podaroci-koi-mladencite-ne-sakaat-da-gi-dobijat-na-svojata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

1. Подарок кој одговара само на едниот партнер

rnСекогаш избирајте подароци кои ќе им се допаднат и на двајцата, односно избегнувајте поделба на невестата или младоженецот. Најдобар подарок е оној во кој младенците ќе можат заедно да уживаат. rn

2. Подарок за кој младенците мора да издвојуваат пари

rnИзбегнувајте компјутери или мобилни телефони со интернет претплата, но и други слични подароци за кои младенците во иднина ќе мораат да издвојуваат пари. Ако знаете дека сакаат токму таков подарок, пред венчавката договорете се со нив за сите детали и организирајте плаќање на рати кое ќе го исплатите вие.rn

3. Подарок кој не одговара на животниот стил на младенците

rnНесоодветниот подарок ќе испрати порака дека воопшто не го познавате парот или едноставно не сте се „подготвиле“ добро и не сте размислиле за тоа што ќе им подарите. Обрнете внимание на нивниот животен стил, какви активности сакаат, со што се занимаваат во слободното време и врз основа на тоа одлучете што ќе биде вашиот подарок.rnrn3-5-podaroci-koi-mladencite-ne-sakaat-da-gi-dobijat-na-svojata-venchavka-www.kafepauza.mk_rn

4. Подарок кој може да се „расипе“

rnНе подарувајте подароци во кои сте додале каков било лесно „расиплив“ елемент како цвеќе или чоколадо. Постои голема шанса дека младенците нема да ги прегледаат сите подароци непосредно после венчавката, а ниту еден пар не сакат после медениот месец да ги дочека еден куп „ѓубре“.rn

5. Подарок кој нешто инсинуира или испраќа „погрешна“ порака

rnЗадолжително избегнувајте ги подароците кои на младенците им испраќаат каква било порака за нивната заедничка иднина. Ова особено се однесува на детската облека или каква било опрема за бебе. Дури и ако сакате да им го подарите тоа на шега, имајте на ум дека подобро е вашиот подарок да биде корисен.rnrnАко наскоро планирате венчавка, погледнете ги овие причини за венчавка во зима.