Сексуален биоритам: Погледнете го часовникот пред да тргнете во акција

Сподели

Сексолозите тврдат дека еден од најважните фактори е периодот од денот во кој избирате да имате секс со партнерот. Затоа, пред да тргнете во акција, погледнете го часовникот, а прочитајте подолу зошто е тоа така.

Реклама

rn

Од 6 до 8 часот наутро

rnСпоред сексуалните експерти, треба да знаете дека женското тело сè уште не е будно помеѓу 6 и 8 часот наутро, а тоа значи дека сè уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонин е премногу високо, а температурата на телото не е доволно висока. Мажите се многу возбудени од 6 до 8 часот, па затоа жените во тоа време не може да очекуваат ништо повеќе од секс на брзина.rn

Од 8 до 10 часот

rnСитуацијата се менува од 8 до 10 часот кога жената е веќе будна и подготвена. Нивото на ендорфин се зголемува, така што не ѝ треба многу време за да се возбуди, но тогаш мажите веќе се фокусирани на работата, така што е малку потешко да ги заинтересирате.rn

Од 10 до 12 часот

rnПериодот помеѓу 10 и 12 часот е идеален за орален секс затоа што рецепторите за вкус кај жените се многу остри. Мажот го поминува овој период од денот во релаксирање и во размислување, па дури и за секс, но тој нема да иницира ништо.rn

Од 12 до 14 часот

rnИако жените од 12 до 14 часот се многу активни, тоа не е поврзано со сексот. Во тој период, мажите се многу расположени за секс, но тешко дека дамите ќе бидат доволно заинтересирани за сексуален однос.rn

Од 14 до 16 часот

rnПериодот помеѓу 14 и 16 часот е најдобар за зачнување. Женскиот репродуктивен систем е подготвен за тоа, а машката сперма е со највисок квалитет околу 16 часот.rn

Од 16 до 18 часот

rnМногу жени не се заинтересирани за секс помеѓу 16 и 18 часот, но на некои не им пречи сексот на брзина ако мажот е подготвен за акција.rn

Од 18 до 20 часот

rnОд 18 до 20 часот, мала е веројатноста дека некој од партнерите ќе биде расположен за секс затоа што двајцата се трудат да ја вратат енергијата што ја изгубиле во текот на денот.rn

Од 20 до 22 часот

rnСексолозите тврдат дека периодот помеѓу 20 и 22 часот е идеален за лесна вечера и за сексуален однос. Жената е полна со енергија и е подготвена за иницијатива, додека мажот е расположен да ги исполни желбите на партнерката.rn

По 22 часот

rnПо 22 часот, телото на жената паѓа во длабок сон и сексуалноста опаѓа. Мажот се чувствува многу поопуштено во тоа време, но сè уште не е поспан.

Прочитајте како да ги зачините работите во спалната соба и испробајте ги овие 5 пози што се во тренд.

Популарно

Може ќе ве интересира