Ако сте загрижени дали вашите деца имаат сè што им е потребно во овој тежок период, проверете го овој список.rnrn
rn
1. Поддршка
rnПонекогаш само еден збор за поддршка во вистински момент може да му го промени животот на детето. Затоа, трудете се да му покажете на детето дека сте тука за него и честопати потсетувајте го на тоа.rn
2. Прегратки и бакнежи
rnДецата никогаш не се премногу големи за да им покажете дека ги сакате со прегратка и со бакнеж.rn
3. Заеднички оброци
rnЗаедничките оброци се идеална можност за семејно дружење, така што може да се каже дека ако семејството не јаде заедно, тогаш и не расте заедно.rn
4. Чувство за хумор
rnСмејте се со вашите деца секој ден. За ваше и за нивно добро.rn
5. Способност да ја видат убавината
rnПомогнете им на вашите деца да најдат нешто убаво во сè што ќе видат и во сите што ќе ги сретнат.rn
6. Можност за грешка
rnДецата се само деца и затоа се многу забавни, но понекогаш и напорни. Дозволете им да експериментираат, да истражуваат и да прават грешки.rn
7. Стабилност
rnСтабилен дом е темелот врз кој децата го градат целиот свој живот. Децата треба да го знаат своето место во семејството, кому може да веруваат и на кого може да се потпрат.rn
8. Желба да постигнат големи работи во животот
rnОхрабрете ги децата да имаат големи соништа. На тој начин, тие ќе постигнат повеќе отколку што мислеле дека можат.rn
9. Време
rnВремето е подарок што никогаш не можете да го вратите. Затоа, размислете внимателно кому ќе му го подарите своето време.rn
10. Внимание
rnМожеби мислите дека ова се подразбира, но размислете дали правите и нешто друго додека му посветувате внимание на вашето дете.rn
11. Благодарност за сè што имаат
rnЖелбата за повеќе работи е заразна. Затоа, еден од најдобрите подароци што можете да им го дадете на вашите деца е да ги научите да бидат задоволни со тоа што го имаат.rn
12. Љубопитност
rnНаучете ги вашите деца да прашуваат кој, што, каде, кога, како и зошто. Ниту еден родител не смее да им рече на децата да престанат да поставуваат толку многу прашања.rn
13. Одлучност
rnЕден од главните фактори за успех е волјата.rn
14. Дисциплина
rnДецата треба да научат како да се однесуваат, како да се сложуваат со другите, како да ги исполнат своите желби и да постигнат резултати. Дисциплината не треба да се избегнува, само треба да биде позитивна.rn
15. Охрабрување
rnЗборовите се моќни. Тие можат да создадат, но и да уништат. Зборовите што им ги кажувате на вашите деца може да ги поттикнат да имаат позитивен став. Но, вашите зборови може да ги направат тажни и очајни. Затоа, внимателно избирајте ги своите зборови.rn
16. Дарежливост
rnНаучете ги вашите деца да ги споделат своите работи со другите така што ќе видат како вие го правите тоа.rn
17. Духовност
rnБи било добро да ги научите децата дека се нешто повеќе од само крв и месо. Тие исто така имаат ум, срце, душа и волја, па затоа одлуките што ги носат во животот треба да се засноваат на нешто подлабоко.rn
18. Чесност и интегритет
rnДецата кои ја учат важноста на чесноста во детството подоцна стануваат чесни луѓе. Чесните луѓе се вреднуваат повеќе, уживаат во животот и спијат мирно.rn
19. Надеж
rnНадежта е верба дека работите ќе се подобрат. Тоа им дава на луѓето сила, издржливост и одлучност.rn
20. Природа
rnДецата кои учат да го ценат светот околу нив знаат и да се грижат за него. Веројатно често им кажувате на децата дека треба да ја исчистат својата соба, да бидат уредни и чисти. Но, треба да ги научите да го одржуваат убав и чист светот што е надвор од вашиот дом.rn
21. Оптимизам
rnПесимистите не го менуваат светот. Оптимистите го менуваат.rn
22. Уникатност
rnТоа што ве прави различни, ве прави посебни. Уникатноста не треба да се крие, туку гордо да му се покаже на светот.rn
23. Вашето крило
rnТоа е најдоброто место во светот за читање книга, приказна или разговор.rn
24. Топол дом
rnДа знае дека секогаш може да се врати во топол дом може да биде голема утеха за детето за време на тешките периоди во животот. Потрудете се да му го обезбедите тоа.rn
25. Верност кон партнерот
rnВерноста не е само физичка работа. Бидете покрај вашиот партнер со умот, со срцето и со душата. Немојте да мислите дека вашето дете не забележува такви работи.rn
26. Љубов
rnНајдобриот подарок што можете да му го дадете на детето.rnrnПогледнете ги овие 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст, а сè што ви треба имате дома.