КАФЕ ПАУЗА

10 креативни игри за деца од предучилишна возраст – сè што ви треба имате дома

10 креативни игри за деца од предучилишна возраст - сè што ви треба имате дома

Дали на вашето дете веќе му е здодевно дома? Играчките веќе не се интересни, а гледањето телевизија не е толку забавно? Со овие неколку едноставни игри, домот може да стане свет на истрага. Сè што ви треба веќе имате дома, а игрите ќе ги стимулираат развојот на децата, учењето, концентрацијата, координацијата и што е најважно, тие ќе го забавуваат детето и ќе го научат дека за игра е доволно само малку имагинација.rnrn10 креативни игри за деца од предучилишна возраст - сè што ви треба имате домаrn

1. Детектив

rnПотребен материјал: пластично шише, ориз, мали предмети и фотографии или цртежи на предметиrnrnПостапка: Соберете мали предмети, како што се некои ситни фигури, монети, копчиња и сл. и фотографирајте ги или нацртајте ги на хартија. Ако вашето дете веќе знае да чита, можете едноставно да направите список со предмети наместо слики. Ставете ги предметите во пластично шише, а потоа пополнете го со ориз и затворете го. Дајте му ги на вашето дете сликите или списокот на предмети, едно пенкало и шишето. Објаснете му дека е тоа е детектив кој треба да ги најде скриените предмети. Детето треба да го врти и да го тресе шишето за да ги најде предметите што се на сликите, со што развива концентрација и упорност.rn

2. Сообраќај

rnПотребен материјал: картон, фломастери, играчки автомобилиrnrnПостапка: На картонот нацртајте улица, пешачки премини, сообраќајни знаци, семафори, згради, паркинг итн. Никогаш не е премногу рано да го научите детето да внимава на безбедноста и да ги научи сообраќајните правила. Дајте му ги малите автомобили и започнете со учење.rn

3. Ѓердани од сламки

rnПотребен материјал: пластични сламки, конец, торбаrnrnПостапка: Земете разнобојни пластични сламки и исечете ги на парчиња со должина од еден центиметар. Едно парче ставете на крајот на конецот, а останатите ставете ги во торбата. Детето зема сламки и ги ниже на конецот. Можете да побарате од него да следи одредена шема, односно да ги реди боите по одреден редослед или да му дозволите само да ја дизајнира својата креација. Оваа игра е одлична за вежбање концентрација и ја поттикнува работата на мускулите на рацете и на прстите кои се неопходни за правилно држење на пенкалото. Вежбите за координација на очите и на рацете се важни за целокупниот раст и развој на децата.rn

4. Мистериозна кутија

rnПотребен материјал: картонска кутија, ножици, разни предметиrnrnПостапка: Исечете тркалезни дупки од двете страни на картонската кутија, доволно широки за детето да може да ги провне рацете низ нив. Соберете различни предмети во кутијата, но не покажувајте му ги на детето. Обидете се да соберете колку што е можно повеќе различни предмети, како маица, чинија, клуч, сунѓер, банана и др. Додека детето миже, ставете ги предметите во кутијата. Без да гледа во кутијата, детето ги става двете раце низ дупките, ги допира предметите и се обидува да открие што е предметот.rn

5. Сензорна кутија

rnПотребен материјал: пластична чинија, ориз, боја за храна или боја за јајца, оцет, разни садови, кујнски прибор за деца, пластични фигури и др.rnrnПостапка: Во пластичниот сад ставете ги оризот, бојата и една лажица оцет. Мешајте додека не се обои целиот ориз. Потоа, истурете го во плиток, поширок сад и играта може да започне. На овој начин, детето може да ги испитува количината и тежината, да ја вежба фината моторика така што ќе игра со кујнскиот прибор и ќе ја претура храната, а вие можете да ги скриете предметите во оризот, а детето да ги бара.rn

6. Ножици

rnПотребен материјал: колаж, ножици, лепило, хартијаrnrnПостапка: Исечете различни форми (триаголник, круг, шестоаголник) од колажот и залепете ги на врвот на хартијата една до друга. Задачата на детето е да ја продолжи постапката, да ги исече формите и да ги залепи една до друга. Сечењето со ножици е една од вештините што детето треба да го стекне пред да тргне на училиште, а тоа секогаш е интересно за децата. Употребата на ножици е одлична вежба за развој на билатералната координација. Тоа подразбира користење на двете страни на телото истовремено додека секоја рака извршува различни задачи.rn

7. Математичка игра со чепови

rnПотребен материјал: хартија, боици, чепови, коцка за играњеrnrnПостапка: Вие или детето нацртајте празна зелена ливада, море, облак или дрво. Секој цртеж треба да биде на посебна хартија. Чеповите можете да ги замените со други ситни предмети како монети, копчиња и сл.rnrnИгра: Детето ја фрла коцката и добива на пример 4. Во зависност од цртежот со кој игра, тоа додава четири чепови на цртежот. Односно, додава „цвеќиња на ливадата“, „бисери во морето“, „капки дожд под облаците“, „јаболка на дрво“ итн. Преку оваа игра, вашето дете ги учи броевите.rn

8. Букви и знаци

rnПотребен материјал: хартија и моливrnrnПостапка: На хартија напишете големи букви и разни знаци (линии, точки, запирки итн.) и распоредете ги низ масата. Детето треба да ги пронајде тие знаци што не се букви и да ги отстрани. Можете и да ги напишете буквите и знаците на хартија, така што детето треба да ги заокружи само буквите. Разликувањето што е буква, а што не, е една од вештините што им предходи на читањето и на пишувањето.rn

9. Солено тесто

rnПотребен материјал: 2оо грама брашно, 240 грама сол, 200 милилитри вода, зачини по желбаrnrnПостапка: Играњето со солено тесто е добар поттик за развој на микромоториката. Исто така, тоа е одличен начин за стимулирање на сензорниот развој, особено ако го вклучите вашето дете во подготовката на тестото и ако ги почувствува различните текстури на брашното, на солта, на водата, на лепливото тесто и на мазното тесто. Ако додадете малку зачин, тогаш оваа игра ги вклучува сите сетила.rn

10. Слики со прсти

rnПотребен материјал: 80 грама пченкарен скроб, 4 лажици шеќер, 500 милилитри вода, малку сол, боја за храна. Измешајте ги сите состојки освен бојата и загрејте ја смесата на тивок оган околу 10 минути. Смесата е готова кога е мазна и густа.rnrnПостапка: Поделете ја смесата во онолку чаши колку што сакате различни бои, додајте ги боите и измешајте. Оваа активност е смирувачка и релаксирачка, а, освен тоа, децата сакаат малку неред.rnrnПогледнете ги и овие 8 забавни игри кои ќе го поттикнат емоционалниот развој кај децата.