КАФЕ ПАУЗА

Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…

Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси...

Written by

in

,

Можеби не се наоѓате на она место во животот, на коешто планиравте да бидете во 20-тите, 30-тите или 40-тите години, бидејќи Господ ве учи дека не можете да продолжите да го живеете вашиот живот според очекувањата коишто ги има општеството, вашите родители или пак, ги имате самите вие.rnrnСè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси...rnrnМожеби лекцијата којашто морате да ја научите е дека треба да се ослободите од сите очекувања, да заборавите на сите временски рамки и да престанете да фантазирате дека до одредена возраст морате да бидете поуспешни од другите луѓе или дека морате постојано да сте физички и психички спремни за сè што се случува во вашиот живот.rnrnМожеби сè уште сте сингл, бидејќи Господ се обидува да ве научи на поинаков вид љубов, на пример онаа којашто им ја давате на вашите пријатели, на семејството, во работата или на самите себеси.rnrnМожеби сака да научите како да живеете исполнето без да ја имате постојаната гаранција, утеха и потврда од партнерот. Можеби Господ знае дека вашиот животен пат е исполнет со многу патувања, себе-истражување и постојано движење, па врзувањето со партнер нема да биде соодветно за вас. Можеби се обидува да ве научи како да чекорите пред да почнете да трчате.rnrnМожеби се обидува да ве научи на истите лекции одново и одново, бидејќи Тој сака да ја научите уметноста на повторните обиди, уметноста на неоткажувањето, уметноста на учењето да живеете со разочарувањата и препреките, бидејќи тие секогаш ќе ве следат во животот.rnrnМожеби Господ се обидува да ве научи дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Можеби лекцијата упатена кон вас е да уживате во животот онаков каков што е, наместо да си поставувате крајни рокови за остварување на вашите цели. Можеби, животот е безвременски и неминлив и ние едноставно треба да го прифатиме како таков.rnrnМожеби чекањето е само збор, којшто означува дека треба да напуштите некој или нешто и да продолжите понатаму со животот. Сфатете го тоа како Господ да ви дава знак да оставите нешто, без да се грижите за последиците коишто ќе следуваат од таквата одлука, бидејќи Тој ќе ве награди со нешто уште подобро во иднина.rnrnМожеби Тој не сака да бидете толку опседнати со временски рамки и начинот на којшто другите луѓе ве доживуваат. Можеби Тој сака да се ослободите од сите овие илузии и фантазии коишто ги имате за самите себеси и да научите како да живеете спокојно во реалниот свет.rnrnМожеби пак, Тој ве принудува да почекате бидејќи колку подолго чекате, толку повеќе ќе го цените она што ќе го добиете на крајот. Колку подолго чекате, толку подолго ќе го зачувате она што Тој ќе ви го подари. Можеби Тој едноставно сака да не бидете неблагодарна личност, туку сака да ги вреднувате даровите коишто ќе ви ги испрати, а планира да го стори тоа во моментот кога ќе знае дека вие сте подготвени да се погрижите добро за нив.rnrnМожеби Господ сака да сфатите дека сите временски рамки се измислени од страна на луѓе коишто имаат тврдокорни замисли и идеали, луѓе коишто живееле во различни околности од вас, луѓе коишто никогаш не ве ни запознале и луѓе коишто водат поинаков живот од вашиот. Можеби Господ едноставно сака да сфатите дека сите овие временски рамки и рокови не се однесуваат на вас, бидејќи не биле измислени за вас.rnrnМожеби Господ сака да сфатите дека вашиот живот никогаш нема да биде совршен и никогаш нема да тече според план, а вие морате да се обидете да го сакате и него и животот, без разлика на тоа.rnrnМожеби Тој ве подучува да чекате, бидејќи сака да знаете дека не можете секогаш да имате контрола врз вашиот живот, без разлика колку и да се обидувате, бидејќи тоа е Негова, а не ваша работа.rnrnПрочитајте ги и овие моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ви е на најниско ниво.