Кој вели дека не можете да искусите празнична бајка, дури и сред несакани случувања, како што е Ковид-19 пандемијата? Да, важно е да се превземете здравствени превентиви и да одржувате социјална дистанца со луѓето надвор од вашиот дом. Како и да е, секогаш можете да ја пуштите вашата креативност и да го претворите вашиот дом во празнична оаза.rnrnДоколку барате празнични идеи за декорирање, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Дозволете ни да ве одведеме на специјална авантура низ светот на чудата!rnrn
rn
Идеи за зимски украси на врата
rnДали живеете во куќа или во стан, воопшто не е важно. Секогаш можете да додадете празнични украси. Ако сакате да го претворите вашиот дом во дом од земјата на чудата, прво почннете со вашиот влез. Најтрадиционалниот украс за врата е дефинитивно венецот. Како и да е, имате доста опции меѓу кои што можете да бирате. Како на пример, можете да закачите писмо како украс на врата или знак како табла. Како додаток, можете да внесете божиќен дух со додавање на голема машна со ѕвонче. Како алтернатива, можете да си обезбедите празнично килимче за добредојде.rnrn
rn
Празничен декор како од бајка
rnАко мислите дека празнична бајка мора да биде Божиќна бајка, размислете два пати. Да, филмови како „The Christmas Ornament (2013)“, можат лесно да го насочат нашето внимание кон Божиќ. Но, вашиот дом од празнична бајка не мора да се врти околу тоа. Еве неколку идеи за да внесете радост во вашиот дом низ целата празнична сезона. Не само за Божиќ.rnrnПостојат многу начини да се направи празнична атмосфера ко од бајка во вашиот дом. Бирање на специфична тема може да биде ваш водич низ тоа како да одберете празнични украси. На пример, ако вашите деца го сакаат филмот „Frozen“, можете да додадете украси со Елса и Олаф. Која и тема да ја одберете, придржувајте се кон боите бела, сива, златна и сина. Па, фокусирајте се на златни, сиви и бели украси кога ќе ја украсите вашата Новогодишна елка. Исто така, ограничете ја вашата палета на бела, сива и бледо-сина боја, кога ќе ја украсите вашата маса.rnrn
rnrnСвеќите и стаклените украси можат да ви помогнат да направите центар кој прави празнична искра на вашата маса. Сепак, избегнувајте мешање на многу бои. Природно, снегот и сјајот можат да креираат чувство на празнична бајка во вашиот дом. Па, играјте со украсите какок што се сијалички, шишарки, снегулки и мразулци.rnrnАко вашиот буџет е мал и ви треба повеќе време со фамилијата, направете венци од хартиени снегулки. Можете да ги закачите на прозорците или да ги направите висечки украси.rnrnКако што можете да видите, не ви треба многу за да додадете малку магија во вашиот дом и да го претворите во вистинска празнична бајка. Па, дајте си шанса да најдете ново хоби и да направите пријатни „направи сам“ декорации. Има ли подобар начин да се помине време со креативност и убаво поминато време со вашите блиски?!rnrn
rnrnПогледнете ги овие неколку идеи за украсување на новогодишната елка во ретро стил.