КАФЕ ПАУЗА

Сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо

Сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо

Дали сте чуле за млеко од авокадо? Можеби веќе сте имале можност да го пробате овој пијалак, кој сè почесто се наоѓа на полиците во маркетите, но тој не е баш таков каков што го замислуваат повеќето луѓе. Веројатно замислувате кремасто млеко богато со хранливи материи, направено со цедење на ова вкусно овошје, но всушност процесот е малку покомплициран.rnrnСè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадоrnrnМлекото од авокадо е всушност направено од овесно млеко. Она што го издвојува од класичното овесно млеко е додатокот во форма на замрзнато сушено авокадо. Покрај додавањето кремаста текстура и навестување на вкусот, светло-зелената боја, витамините и хранливите материи што ги содржи авокадото, ова е начин производителите да го намалат отпадот при производството и да создадат одржлив производ.rnrnЗа да го направат ова млеко, производителите купуваат авокадо, кое иако е вкусно и здраво, однадвор не изгледа премногу привлечно, поради што купувачите го прескокнуваат во продавниците. Иако овие плодови чинат помалку во продавниците и на тој начин им се подостапни на купивачите, производителите на ова млеко плаќаат повеќе за нив, така што земјоделците кои ги садат овие плодови ќе имаат корист од целата приказна.rnrnНасадите со авокадо се наводнуваат со дождовница наместо со традиционални системи за наводнување, поради што еколошкиот фактор е многу присутен во целата приказна. Исто така, секоја година се садат околу 100 нови дрвја авокадо на плантажите, со цел да се намали емисијата на штетни гасови и со тоа да се спаси планетата. Исто така, ова млеко е спакувано и дистрибуирано во рециклирана пластична амбалажа.rnrnАко на почетокот на приказната сте биле разочарани од фактот што не купувате 100% млеко направено со цедење на омиленото овошје, неговите еколошки фактори ја надополнуваат оваа разлика.rnrnПрочитајте ја мрачната тајна за бадемовото млеко и добро размислете пред да го пиете.