КАФЕ ПАУЗА

Сакате погусти и поубави веѓи? Користете ги овие производи

Сите ние сакаме да имаме густи и убави веѓи. Тие се важна карактеристика и даваат посебен украс на нашето лице. Но, бараат и многу грижа. Па, доколку сакате вашите веѓи да бидат убави и густи тогаш веднаш почнете да ги користите овие производи. Ако сте упорни и истрајни, ќе забележите како тие навистина делуваат.rnrnRevolve Clothing Summer Campaign 2013 Tulumrn

1. Рицинусово масло

rnРицинусовото масло содржи голема количина на протеини и витамини кои го стимулираат растот на влакната. Исто така, ова масло ги стимулира фоликулите на влакното и го прави посилно и поеластично.rnrnНатопете чепкалка за уши во рицинусово масло и со неа поминете врз веѓите. Оставете да делува неколку часа или пак, уште подобро преку ноќ, а наутро измијте го лицето на вообичаениот начин. Постапката повторувајте ја на секои 3 до 4 недели.rn

2. Маслиново масло

rnЕдно од најкорисните масла во домаќинството, но и во козметичката индустрија, кое е полно со витамин Е кој го стимулира растот на влакната, а истовремено ја храни кожата. За најдобар резултат користете маслиново масло кое се користи во домаќинството бидејќи тоа е најхранливо.rnrnЗагрејте една лажичка маслиново масло, а потоа со прстите поминете низ веѓите. Масирајте ја кожата од една до две минути за да го впие маслото и потоа оставете час или два да дејствува. За појак резултат оставете го преку ноќ. Наутро темелено измијте го лицето со средство за чистење на лицето.rn

3. Жолчка

rnЈајцето е хранлива и здрава храна која може да ја искористите на различни начини. Влакната на веѓите содржат кератин кој протеините од жолчката додатно го хранат и збогатуваат, па влакната растат побрзо и стануваат поцврсти.rnrnМатете ја жолчката од јајцето со виљушка додека не стане кремаста. Натопете чепкалка за уши во смесата и поминете со неа низ веѓите. Оставете да делува од 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.rn

4. Кромид

rnУште една билка која се користи во козметичката индустрија и со која се постигнуваат одлични резултати. Кромидот содржи голема количина на сулфур, кој го поттикнува создавањето на состојки кои ја подмладуваат кожата и го поттикнува јакнењето на фоликулите на влакното – колаген.rnrnИсчистете го кромидот и исечете го на коцки, а потоа блендирајте сè додека не добиете густа смеса. Со таа смеса намачкајте ги веѓите и оставете да дејствува 5 минути. Кромидот е лут, па внимавајте додека го нанесувате да не ги допрете очите. Измијте го лицето на вообичаен начин. Повторувајте ја оваa постапка еднаш во неделата за временски период од 6 недели.rn

5. Алое вера

rnОваa магична билка е многу ценета во козметичката индустрија. Освен тоа што ги негува кожата и косата, екстрактите од алое верата во себе содржат ензими и нутриенти кои го поттикнуваат растот на влакната. Набавете билки алое вера и искористете ги нејзините листови.rnrnСкинете парче од листот и со внатрешниот дел поминете низ веѓите. Оставете да делува околу 30 минути, па потоа измијте ја кожата. Алое верата може да ја користите секогаш кога сте дома.