КАФЕ ПАУЗА

Розов мек капут за разбивање на есенската монотонија

Иако времето и понатаму е прекрасно како за есен, ладните температури полека но сигурно пристигнуваат, па затоа е и време да го освежиме својот гардеробер со атрактивни и истовремено удобни класични парчиња облека, како мекиот капут којшто се очекува да биде еден од водечките хитови за оваа зима.rnrnrnrnГолемите брендови веќе подготвиле богата понуда за интересни капути, во која секоја од нас дефинитивно ќе си пронајде барем едно совршено парче за себе. Топлиот мек капут е најдобриот избор за да бидеме заштитени од студенилото додека истовремено ќе останеме и во чекор со најновите трендови.rnrnrnrnИако сме навикнати да го гледаме овој капут само во зимските топли и земјени тонови, сепак оваа есен вниманието е насочено кон една сосема различна, поразиграна нијанса. Розовиот мек капут е идеален за дневните кежуал комбинации, што вклучуваат фармерки, маички и чизми, а подеднакво одлично изгледа и со здолништа и фустани.rnrnrnrnДознајте и кои се 5-те најсекојдневни трендови во моментов.