Без разлика дали сте веган или не јадете глутен, денес многу ресторани со задоволство ќе ги задоволат вашите потреби за храна. Но, во ресторанот Sushi Singularity во Токио ќе добиете сосема нов третман.rnrn
rnrnЗа да јадете во овој ресторан, треба да направите повеќе од само резервирање маса – треба да подготвите ваши биолошки примероци, со чија помош ќе добиете персонализирано 3Д печатено суши.rnrnОвој концепт е создаден од јапонската компанија Open Meals чија цел е да ги поврзе науката и храната, така што ќе создаде оброци погодни за секој муштерија. Секој гостин добива комплет за тестирање по пошта со кој може да прати примероци од урина и плунка пред денот на резервација. Комплетот потоа се враќа во ресторанот каде што се анализира. Можеби целиот процес не звучи привлечно, но со овие податоци ресторанот може да направи ваш специјализиран рецепт за суши, полн со хранливите материи што ви се потребни.rnrn
rnrnКако ова да не е доволно, ресторанот го прави сушито користејќи 3Д печатач со големи роботски раце. 3Д печатеното суши прв пат се појавило на фестивал во Остин, а проектот бил наречен „Суши телепортација“. Овде готвачите покажале како секоја коцка суши не само што е одлична за вашето здравје, туку е и мало ремек-дело.rnrnРесторанот се очекува да се отвори во 2020-та година, а дотогаш уживајте во фотографиите од нивните необични оброци.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=zNcfQrzMVTcrnrnСте слушнале за ресторанот во кој секогаш ќе ви ја грешат нарачката?
Ресторан служи персонализирано 3Д печатено суши
