Јаболковиот оцет покрај тоа што се користи во исхраната може да се употребува и за други намени. Ефективен и корисен и во домаќинството, но и како продукт што може да замени некој козметички препарат. Тој е многу повеќе од додаток за салати! Прочитајте во продолжение за што сè може да се употребува јаболковиот оцет.rnrn
rn
1. Ги отстранува токсичните супстанци во домот
rnНаправен е од јаболков сок и со ферментирање се прави јаболков оцет. Ако се користи како замена за некои други продукти инстантно се намалуваат и сите неприродни хемикалии во нашите домови и секојдневни животи.rn
2. Ја прави сјајна вашата коса
rnМоже да се користи за да ја измиете косата после користење на шампон и ќе ѝ даде поддршка за таа да заблеска. Препорачуваме да употребите старо шише од шампон и после тоа да го наполните со 1/2 лажица јаболков оцет и 240 грама вода. Составот се истура на косата после шампонирање. Правете го ова неколку пати во неделата за поголеми резултати.rn
3. Ја регулира киселоста на кожата, односно pH вредноста
rnРазредете го со вода во размер 2:1 и нанесете ја течноста на лицето со памук за да го исчистите. Ова може да се прави после миење или наутро пред да нанесете хидратантен крем. Може да се стави во мали количини на кожата преку ноќ за да ги избледи дамките од стареење или раните од акни. Се препорачува и за брадавици. За брадавици, треба да натопите памук во јаболков оцет, потоа треба да го залепите целиот памук околу брадавицата и да го оставите да преноќи. Кожата може да набабри како реакција на третирањето. Како и да е, брадавиците би требало да паднат. Откако ќе паднат, третманот треба да се продолжи уште неколку дена за да бидете сигурни дека нема да се вратат.rn
4. Отстранува флеки од забите
rnТријте ги забите директно со јаболков оцет и потоа исплакнете со вода.rn
5. Ја смирува кожата изгорена од сонце
rnСтавете 240 грама во вашата када и треба да лежите потопени околу 10 минути за да се елиминира непријатноста од изгорениците.rn
6. Се користи како природен лосион за после бричење
rnНаполнете го шишето со еднаква количина јаболков оцет и вода, и потоа протресете пред да го нанесете на вашето лице.rn
7. Служи како целосно природен третман за масажа
rnИстријте го оцетот на вашите раце и стапала и измасирајте – какво ослободува за уморни раце и стапала.rn
8. Помага за слабеење
rnЗа секојдневно регулирање на тежината, пробајте го рецептот со 2 лажици јаболков оцет во комбинација со 450 грама вода. Оваа мешавина може да се пие во текот на денот. Податоците покажуваат ограничено, но сепак значајно губење на тежината од континуирано земање. Во едно истражување од 2009-та година коешто е објавено во едно списание за Бионаука, биотехнологија и биохемија откриено е дека испитаниците што консумирале оцетна киселина за период од 12 недели искусиле значително намалување на тежината и намалување на стомачните масти како и големината на струкот и триглицеридите. Триглицеридите водат кон нездрав холестерол којшто сакаме да го избегнеме.rn
9. Го балансира целиот внатрешен телесен систем
rnТелото постојано тежнее за да постигне состојба на рамнотежа. Јаболковиот оцет помага за одржување здрава алкална киселост на организмот. Истражувањата покажале дека колку е повисоко нивото на оцет (пониско pH ниво) тоа води до недостаток на енергијата и поголема зачестеност на инфекции.rn
10. Помага за детоксикација
rnКако дел од балансирањето на pH вредноста, јаболковиот оцет создава целосна детоксикација на телото. Истражувањата покажале дека може да помогне за стимулирање на кардиоваскуларна циркулација и детоксикација на црниот дроб.rn
11. Одличен е за лимфниот систем
rnПомага во уништување на слузта и ги чисти лимфните израстоци. Верувале или не, истражувањата сугерираат дека јаболковиот оцет може да помогне и при алергии поради неговата способност да ја редуцира слузта и го намалува блокирањето на синусите. При намалување на алергиските ефекти, исто така може да помогне за одбегнување на синусни инфекции и симптоми поврзани со нив како болно грло и главоболка.rn
12. Помага при ослободување од кандида
rnБогат е со природни ензими коишто ќе му помогнат на телото да се ослободи од кандида. Кандидата предизвикува симптоми на замор, слаба меморија, потреба за шеќер и инфекции поврзани со неа.rn
13. Ја намалува киселина во стомакот
rnЕкспертите што се занимаваат со природно лекување тврдат дека ќе се почувствува ослободување за кратко време после пиење 1 лажица јаболков оцет со чаша вода. Ова нема да помогне ако имате чир на желудникот.rn
14. Ефективен е во отстранување болви кај милениците
rnНаполнете мало шишенце со половина вода и половина јаболков оцет, па испрскајте го крзното на миленикот и протријте нежно. Накиснете го целото крзно и продолжете така секој ден во период од неколку дена до една недела. На овој начин сите болви ќе се уништат.rn
15. Служи како освежувач за соба
rnГо чисти тоалетот оставајќи мирис на јаболка во вашата бања. Само истурете во тоалетот и оставете го да стои преку ноќ. Исто така може да се користи во машините за садови како замена за детергент за садови. Измешајте го оцетот со околу 120 грама вода и со тоа може да ја исчистите микробрановата печка, нечистите кујнски површини, прозорите, стаклата и огледалата.rnrnКако што можете да видите овој чудесен производ има широка намена. Дали досега сте го користеле на некој од овие начини?rnrnПрочитајте што треба да знаете за слабеењето со јаболков оцет.