КАФЕ ПАУЗА

Рецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и рум

Рецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и рум

Овие празници поминете ги со стил пиејќи ликер од јајца и рум кој традиционално се служи во САД и Канада. Се работи за пијалак во кој се содржат најмиризливите божиќни зачини и е многу лесен за подготовка. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за еден од најубавите божиќни ликери.rnrnРецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и румrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 литар млеко
  • rn 011

  • 10 жолчки
  • rn 011

  • 300 грама шеќер
  • rn 011

  • 250 милилитри рум
  • rn 011

  • 400 грама слатка павлака
  • rn 011

  • 4-5 зрна каранфилче
  • rn 011

  • 1 лажичка мелен цимет
  • rn 011

  • 2 лажици екстракт од ванила
  • rn 011

  • ½ лажичка морско оревче
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn1. Во тенџере се мешаат млекото, каранфилчето и циметот и течноста се загрева на мала температура, околу пет минути.rnrn2. Во посебен сад добро се матат жолчките и шеќерот сè додека не се добие пенеста смеса, а потоа полека се додава топлото млеко. Префрлете ја целата течност во тенџере и варете на умерена температура околу пет минути додека не згусне смесата. Имајте на ум дека пијалакот не треба да врие.rnrn3. Процедете ја течноста од каранфилчето и оставете ја да се излади. Во изладената течност додадете ја слатката павлака, екстрактот од ванила, румот и морското оревче. Добро изладете го ликерот пред сервирање.rnrnОвој божиќен коктел можете да го чувате во фрижидер десет дена. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за еден од најдобрите божиќни ликери, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за омилениот божиќен десерт на кралицата Елизабета.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr