Кучињата треба да бидат заштитени од штетните сончеви зраци, а некои кучиња се особено чувствителни. Бидете внимателни кога го носите вашето домашно милениче со вас на плажа или на прошетка на сонце.rnrn
rn
1. Бели кучиња
rnИсто како што луѓето со светла кожа полесно горат на сонце, така и кучињата чие влакно е бело или посветло се почувствителни на штетните сончеви зраци отколку оние со темно влакно. Прашајте го вашиот ветеринар кое средство за сончање е најдобро за вашето домашно милениче.rn
2. Кучиња со кратко крзно
rnЕдна од функциите на крзното е да го заштити кучето од штетните сончеви зраци, а кај кучињата со кратко крзно оваа заштита е послаба. Средството за сончање што ќе го користите за вашето куче не треба да содржи цинк оксид затоа што тој е токсичен за кучињата и може сериозно да ги оштети црвените крвни зрнца, а тоа може да доведе до ситуација да му биде потребна трансфузија на крв.rn
3. Кучиња без влакна
rnОва може да биде повеќе од очигледно, но важно е да се напомене дека овие кучиња мора да бидат заштитени од сонцето. На кучињата без влакна треба да им нанесете соодветно средство за сончање и тие не треба да поминуваат премногу време на директна сончева светлина.rn
4. Кучиња со светла муцка
rnКучињата со розова муцка или муцка во светла боја имаат помалку пигменти, што значи дека се изложени на поголем ризик од штетните сончеви зраци. Дури и ако вашето куче има густо крзно на целото тело, треба да нанесете заштитно средство на деловите од телото што не се покриени со крзно, како што се стомакот и носот.rn
5. Кучиња што сакаат да лежат на грб на сонце
rnВетеринарите предупредуваат дека кучињата што сакаат да лежат на грб и да уживаат во сончевите зраци се особено склони кон развој на тумор на клетките во пределот на стомакот ако тој не е прекриен со густо крзно.rnrnОткријте кои 10 работи мора да ги знаете ако сте сопственик на куче.