КАФЕ ПАУЗА

Рецепт за чоко бомбици со оризови галети

Рецепт за чоко бомбици со оризови галети

Ако сакате да се одвикнете од белиот шеќер, а не можете да се откажете од слатките, имаме здрава варијанта за вас – бомбици кои се вистинска протеинска бомба. Овие слатки се идеални за сите оние кои постат или се придржуваат до вегански начин на исхрана.rnrnРецепт за чоко бомбици со оризови галетиrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 12 оризови галети
  • rn 011

  • 1 банана
  • rn 011

  • 5 урми
  • rn 011

  • 1/3 чаша путер од кикирики
  • rn 011

  • 50 грама стопено темно чоколадо
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо блендер ставете ги оризовите галети, бананата, урмите и путерот од кикирики. Мешајте додека состојките не се соединат во еднолична смеса. Од добиената смеса формирајте топчиња и оставете ги во замрзнувач околу 15 минути. Извадете ги од замрзнувачот и секое топче потопете го во стопеното чоколадо. Можете да ги послужите кога чоколадото ќе се стврдне. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за неодоливи кокосови бомбици кои се топат во уста.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs