Шишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси.rnrn
rnrnСоберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение.rn
1. Бели шишарки
rnБелите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент.rnrn
rn
2. Шишарки обоени со спреј
rnСпрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом.rnrn
rn
3. Шишарки во вид на мини елка
rnБидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор.rnrn
rn
4. Шишарки обоени со восок
rnВосокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите.rnrn
rn
5. Свеќници од тегли украсени со шишарки
rnАко сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично.rnrn
rn
6. Ѕвезди од шишарки
rnАко сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја.rnrn
rn
7. Омбре шишарки
rnОмбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман.rnrn
rn
8. Шишарки на прозорецот
rnУкрасете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите.rnrn
rn
9. Аранжмани со шишарки на вашиот влез
rnНе заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде.rnrn
rn
10. Мини елка од шишарки
rnУште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации.rnrn
rn
11. Венец од шишарки
rnАко имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом.rnrn
rn
12. Шарени шишарки
rnАко сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак.rnrn
rn
13. Елка направена од деловите на шишарките
rnОваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови.rnrn
rn
14. Шишарки кои ги красат свеќите
rnКласичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица.rnrn
rnrnПа, време е да ја разбудите креативноста во вас и да го декорирате вашиот дом за новогодишните празници!
