Суптилен, едноставен и апсолутно неодолив! Ако сакате да го украсите вашето тело со некоја обетка, ние имаме совршено место за неа.rnrn
rnrnМоментално сите се „луди“ за таканаречениот рамен пирсинг. И апсолутно го сакаме! Како што самото име вели, пирсингот е направен низ внатрешниот рамен дел на увото и едноставно изгледа сјајно.rnrn
rnrnКако мотив можете да изберете баш сѐ, иако најчесто се гледаат ѕвезди, молњи и цветови. Инстаграм е преплавен со овој нов тренд. Доволно е да напишете #flatpiercing и да пронајдете инспирација за нова обетка на едно навистина неочекувано место.rnrn
rnrnРамниот пирсинг особено убаво изгледа доколку го комбинирате со обетки, бидејќи ќе ви даде доза гламур.rnrn
rnrnПред да се одлучите, мораме да ве известиме дека процедурата е болна, па бидете добро подготвени пред да се одлучите за украсување на вашата усна школка.rnrn
rnrnДодека сме на оваа тема, погледнете го и овој тренд – пирсинг на увото во форма на срце!
Рамен пирсинг: Нов тренд во кој ќе се заљубите на прв поглед
