КАФЕ ПАУЗА

5 едноставни трикови за уреден орман

Written by

in

,

Секоја девојка сонува да има орман како на познатите модни икони, актери и пејачи кои зрачат со раскош и луксуз. Можеби ви делува недостижно, но постојат 5 мали трикови кои ќе го трансформираат вашиот стар и досаден орман за алишта во орманот од вашите соништа!rnrn5 трикови за уреден орманrn

1. Организирајте ја облеката на правилниот начин

rnПодгответе се и физички и психички, бидејќи за оваа работа ќе ви треба цел ден. Организацијата на облеката е работа која што ако еднаш ја започнете, мора и да ја довршите. Сѐ додека не сте доволно сигурни и одлучни дека сакате да го направите ова, не започнувајте ништо. Бидејќи во спротивно, за неполн час ќе се најдете покрај купишта алишта околу вас и недостаток на волја за работа и повторно нема да направите ништо.rn

2. Целосно исчистете го орманот

rnИсчистете сѐ, до последното парче облека што го имате. Уште на самиот почеток, при вадењето на облеката, можете да ја селектирате на неколку купови: Куп со износена облека, куп со омилени работи, куп со облека со која не знаете што да правите, куп со облека која повеќе не ви се допаѓа… Кога облеката ќе ја поделите, ќе ви биде полесно да направите селекција.rn

3. Посветете време на организацијата

rnНема ништо поубаво од беспрекорно наредена и организирана облека, а само со малку труд и инвестиција вашиот орман може да блесне во својот полн сјај. Упатете се до кој било дуќан кој нуди практични решенија за организирање на работите и започнете со работа. Пронајдете го најпрактичниот начин на организација кој вам ви одговара за орманот да ви биде што попрегледен и посистематизиран. Можете да групирате по стилови, бои или по кој било друг критериум кој ви одговара.rn

4. Додадете декорација

rnКолку што ви е поубав орманот, толку повеќе ќе имате желба и волја да го одржувате чист и уреден. Наредете ги чевлите по пар, на некој постар шал кој поретко го носите изложете ги омилените парчиња накит, внимателно наредете ги торбите, ракавиците и сите останати модни додатоци.rn

5. Рационално одлучете од кои парчиња облека ќе се ослободите

rnНемојте да бидете сентиментални за секое парче облека. Ослободете се од сѐ што повеќе не носите, што не ви се допаѓа, што го носите само привремено, како и од сите оние работи во кои повеќе не можете да се замислите.