Пролет каква што сите обожаваме: 4 бои со кои ќе се издвоите од толпата

Сподели

Силна розова, златно жолта, богата виолетова и разиграна индиго се боите кои оваа пролет ги препорачуваат сите трендсетерки. Па, доколку сакате да бидете во тренд и да ги оставите зад себе сите оние монотони зимски бои, време е да му се придружите на сонцето и да сјаете во овие силни пролетни нијанси.rn

Реклама

Силна розова

rnПастелната розова беше најпопуларната боја за 2015 година, па токму затоа и оваа година ќе може да се гледа често во модните комбинации на дамите. Но, ако сакате да оставите навистина силен впечаток, тогаш ви предложуваме да ги пробате посилните нијанси на розовата боја. Во комбинација со црни или крем елементи, вие ќе изгледате исто како вашата омилена кукла од детството – Барбика!rn

Златно жолта

rnБојата на сончевата светлина и сенфот не само што ќе остави голем впечаток каде и да одите, туку ќе ви помогне да привлечете добри вибрации и оптимизам. Верувале или не, оваа боја се поврзува со позитивните емоции, како радоста и среќата, па тоа е само уште една причина плус зошто би требало да се најде во вашите секојдневни модни комбинации.rn

Богата виолетова

rnТаа е една од омилените бои за зимскиот период, но уште подобро одговара за време на пролетта бидејќи потсетува на свежо расцутената природа и прекрасните цветни површини. Без разлика со кои бои ќе одлучите да ја комбинирате, сигурни сме дека нема никако да згрешите!rn

Разиграна индиго

rnДали воопшто треба да спомнеме дека оваа боја никогаш нема да излезе од мода? Оваа пролет, покрај разиграните и живи бои, исто така ќе бидат многу популарни и светлите, но и темните нијанси од индиго бојата. Тие се лесни за комбинирање и најмногу одговараат за секојдневните прошетки на отворено.

Популарно

Може ќе ве интересира