Секој хороскопски знак има различен стил на однесување кога пие и се забавува. Дознајте какви сте вие во кафеана, во очите на луѓето околу вас. :)rnrn
rn
Овен
rnИако е овен, кога станува збор за кафеана, тој ужива како риба во вода, без оглед на забавата. Кога малку ќе се поднапие, што воопшто не му е тешко, почнува да се однесува многу директно, особено спрема женскиот пол. Иако е насочен кон својот плен од женскиот пол, сепак и понатаму продолжува да го забавува целото друштво и да кажува вицови. Жената родена во знакот на овен е главна во кафеана, порачува дупли пијачки за целото друштво, ја кити музиката со пари и постојано игра и нарачува песни.rn
Бик
rnНајмногу би сакал да има своја кафеана, што и не е така редок случај, но ако ја нема, тогаш има своја омилена каде што сите го познаваат, од келнери до газди. Често живата музика ја собира околу својата маса и не ги пушта свирачите да мрднат од таму, но за возврат богато ги части. Често нарачува песни, ја поздравува својата сакана или пак дамата која му се допаѓа. Жената родена во знакот на бик исто така ужива во кафанскиот амбиент. Знае и сака понекогаш да запее, па токму затоа караоке кафеаните се измислени за неа.rn
Близнаци
rnСо близнак можете да си поминете најубаво во кафеана, без оглед на тоа дали таму одите како заљубен пар или пријатели кои само што се запознале. Машките родени во овој знак знаат да бидат неодоливи, бидејќи знаат да имитираат, пејат, играат и да го забавуваат друштвото. Жените родени во овој знак секогаш се во друштво со помлади, не го држат својот партнер на око бидејќи не се љубоморни и сакаат да се забавуваат како деца.rn
Рак
rnИако најмногу си ги сака својата куќа и семејството, за него неретко втора куќа е омилената кафеана. На ниедно друго место не може да се опушти со чаша алкохол во рака разговарајќи со пријател како што може во кафеана, а често знае да се запее и заигра до касните односно раните утрински часови. Жената родена во овој знак знае да сврти некое оро или пак да заигра танго. Ова најчесто го прави кога е со друштво, но кога е излезена со својот партнер, тогаш гледа цела вечер во него како никој друг околу нив да не постои.rn
Лав
rnКралот на забавите, играњето и сите други можни прослави, знае да организира сè во својата омилена кафеана. За него келнерите трчаат да отворат врата, а музиката штом го види му ја свири омилената песна за поздрав. Лавицата, атрактивна и провокативна, најпрво ја набљудува ситуацијата и друштвото во кое се нашла, а потоа дури стапува на сцена. Тоа најчесто се случува кога сите погледи се вперени кон неа, додека таа игра на својот трон, подиумот.rn
Девица
rnМашкото родено во овој знак е создаден за мерак и уживање, но кој би го рекол тоа, знаејќи дека девиците се мирни, пристојни и воздржани? Веднаш штом малку испие, тој станува човекот во кафеаната кој е највесел, нарачува нова тура пијалаци и ја подгрева атмосферата до оној степен кога сите стануваат да поиграат. Токму тогаш на сцена стапува женската девица, бидејќи во неа се буди нешто што ја тера да се качи на маса или на шанк и да заигра. Утредента таа ќе се однесува како тоа да била нејзината сестра близначка, а не таа.rn
Вага
rnМашкото родено во знакот на вага е боем, џентлмен и хедонист. Тој не може без своето друштво во кафана, без разлика дали станува за отмен ресторан или маалска биртија. Често инсистира да ја плати сметката, се грижи дали сите чаши се полни, не дозволува музиката да се тргне од неговата маса, но за возврат богато ги части. Жената родена во знакот вага, најчесто бира отмени ресторани за трач разговори со своите пријателки, а кога е расположена за пиење алкохол, кафанчињата покрај вода каде што се пие до зори и се омилени.rn
Скорпија
rnЕлегантен и бучен, магнетски привлечен за спротивниот пол, мажот роден во знакот на скорпија ужива во кафанската атмосфера, правејќи се дека не забележал дека некоја женска личност го изела со очи. Жената родена во овој знак секогаш одбира ресторан, умее машки да се напие или пак е тотален антиалкохоличар. Сепак тоа не ја спречува да ужива, да се забавува и да флертува со момчиња.rn
Стрелец
rnТој ја обожава кафеаната како место за излегување, особено доколку се наоѓа во центарот на градот каде што доаѓаат попознати фаци, вклучувајќи го и него, бидејќи тој е популарен во секое друштво. Знае да започне разговор на некоја жешка тема, но умее и да се контролира и кога ќе се поднапие не прави скандали. Жената родена во овој знак, на прв поглед одлично се вклопува во секое друштво и во секоја кафеана, но најмногу сака редовно да ги менува местата за излегување и да открива нови, бидејќи е авантуриста.rn
Јарец
rnЖената родена во овој знак, за разлика од мислењето дека само работи и е мирна и воздржана, знае и тоа како да се опушти во вистински кафеански амбиент, пиејќи црвено вино. Неретко знае на добра музика и да заигра. Мажот роден во знакот на јарец, на изглед е срамежлив и расеан, но во кафеана заглавува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои пријатели, особено колегите од работа, не го препознаваат кога е во вакво издание.rn
Водолија
rnВодолијата не прави разлика дали е дома или во кафеана, бидејќи домот го смета само за престојувалиште, а кафеаната ја обожава како место на кое се дружи, јаде, пие, флертува и што ли уште не. Жената родена во овој знак, заедно со своите пријателки знае да ја дочека зората во кафеана, додека нејзиниот љубен игра видео игри дома.rn
Риби
rnМажот роден во знакот на риби, се чувствува фантастично во кафеана, особено ако е во машко друштво. Воопшто не се грижи колку е часот, бидејќи кога него му е убаво се чувствува како да е во некој друг свет. Жената родена во овој знак обожава дискретни места, по можност во близина на некоја река, каде што има одлична услуга и џентлемени кои пазат на секој нејзин потег.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn
