КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто во секој оброк да додадете малку куркума

5 причини зошто во секој оброк да додадете малку куркума

Благодарение на куркуминот, куркумата уште одамна се користи во борбата против инфекции, настинки, бронхит, астма и за лекување рани.rnrn5 причини зошто во секој оброк да додадете малку куркумаrnrnВо источната култура овој зачин се користи за намалување на болките за време на менструалниот циклус. Куркумата го подобрува варењето и ги согорува мастите. Истражувањата покажале дека таа значително ги намалува болките и од воспалителните болести, го намалува ризикот од рак и го спречува растењето на веќе настанатиот тумор.rnrnЗа да ги почувствувате бројните здравствени придобивки доволно е да консумирате половина или една лажичка куркума дневно. Оваа количина е доволна за цел оброк. Можете да додадете и еден прстофат во чај или смути.rnrnВнимание: Бремените жени и доилките, како и луѓето кои страдаат од камења во жолчката и дијабетес треба да се консултираат со лекар пред да почнат со употреба на зачинот.rnrnПогледнете ги 5-те причини зошто треба да ја вметнете куркумата во секојдневната исхрана.rn

1. Здравје на срцето

rnКуркумата ги штити крвните садови и срцето од создавање талог, помага во регулирање на лошиот холестерол и е одличен антиоксиданс.rn

2. Здравје на цревата

rnОвој зачин на природен начин ја обновува црвената флора. Куркумата е еден од најсилните природни антибиотици и не ги уништува добрите бактерии во стомакот, туку го поттикнува нивниот развој.rn

3. Помош за луѓето со артритис

rnПоради состојката куркумин која има силно антивоспалително дејство, куркумата им се препорачува на луѓето со хронични болки во коските и на оние со артритис.rn

4. Го одржува здравјето на забите

rnКуркумата ги намалува воспаленијата на непцето, го отстранува непријатниот здив, го спречува размножувањето на бактерии во устата и помага со многу други болести во усната празнина.rn

5. Одличен извор на железо

rnКуркумата е одличен извор на железо, манган, витамин Б6, калиум и влакна. Со само 2 лажички од зачинот ќе задоволите дури 10% од препорачана дневна доза за железо.rnrnПогледнете кој зачин ќе ви помогне да ги стопите несаканите килограми.