КАФЕ ПАУЗА

Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл

Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл

Written by

in

,

Престанете да се убедувате дека не можете да бидете сами. Престанете да го давате срцето на луѓе кои ви покажале и најмал романтичен гест. Престанете да се грижите дека никој нема да ве сака. Престанете да им љубоморите на паровите околу вас. Престанете со огорченоста за Денот на вљубените. Престанете да се сомневате во вашата способност да бидете независни.rnrnПрестанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте синглrn

Престанете да верувате дека не можете да бидете среќни ако не сте во врска

rnБез сомнение, да имате некого кој ја задоволува вашата потреба за интимно внимание е навистина добро. Ова е извор не само на среќа, туку и на гордост. Но заборавете на тоа дека ова ви е потребно. Можете да преживеете и без партнер бидејќи сè што ви е потребно сте самите вие. Ако ја пронајдете сродната душа, гледајте го тоа како бонус во вашиот стабилен живот.rnrnПотребна е голема посветеност за да ја постигнете независната среќа. Мора да го научите ова и да стане дел од вас. Размислете за ова, можете да живеете среќно без никого и да уживате во слободата што ја имаат само луѓето кои се сингл. Можете да се фокусирате на вашите цели, на вашиот успех, на вашиот личен развој. Можете да уживате во многу нешта без да барате одобрување. Не мора да го ограничувате вашето време за семејството и пријателите. Можете да го поминете целиот ден или целата недела правејќи го она што го сакате.rn

Почнете да верувате дека можете да научите најмногу за животот без да бидете во врска

rnКога сте во врска често сте презафатени со партнерот и со самата врска. Се фокусирате на тоа како да го одржите квалитетот на врската наместо да учите за сите нешта што ги сретнувате во секојдневниот живот. Испуштате многу настани што би ги ценеле доколку сте сами. Кога сте сингл го набљудувате светот на интелигентен начин и само со ваша перспектива. Се мотивирате да правите необични работи бидејќи знаете дека не е само љубовта она што ви го разубавува животот. Најважно од сè, учите како сами да се справувате со нештата без потреба да се потпирате на некој друг. Само вие можете да си помогнете.rn

Почнете да верувате дека ќе ја имате најдобрата врска дури откако ќе научите да бидете независни

rnВашите стандарди ќе бидат високи поради многуте искуства преку кои сте стекнале мудрост и сила. Ова се нешта што нема да сакате да ги потрошите на погрешната личност. Додека сте биле сами сте научиле како паметно да одбирате. Можеби нема да успеете, но тој неуспех ќе боли помалку бидејќи ќе знаете дека сте ја изгубиле само личноста, а не и себеси. Можете само да замислите колку е добро да бидете во врска откако сте поминале време сами со себе.rnrnАко сте во врска, тоа е одлично. Само без разлика што ќе се случи, немојте да се изгубите. Ако сте сингл, тоа е уште подобро. Имате уште многу време да се грижите за себе и да уживате во животот како независна личност.rnrnЗнаете ли зошто е убаво да бидете сингл додека студирате?