Време е за креативност: Направете сами кроп-топ за 30 минути

Сподели

Популарното парче облека наречено кроп-топ е нешто што секоја од нас мора да го има во својот гардеробер за оваа сезона. Меѓутоа, не е потребно сè што ќе посакаме, тоа и да го купиме. Сигурно дома имате некоја стара блуза која сега ви е кратка или пак не сакате повеќе да ја носите, а ние имаме идеја што да направите со неа. Затоа, дознајте како сами, по сопствена желба и вкус да го направите ова атрактивно дневно парче облека за помалку од 30 минути.

Реклама

rn

Потребни материјали:

rn

    rn011

  • Стара маица, блуза
  • rn011

  • Ножички
  • rn011

  • Лепило за ткаенина,
  • rn011

  • Креда, сапун или молив за платно
  • rn011

  • Пегла за алишта
  • rn

rn1. Земете топ кој веќе го имате и чиј облик ви се допаѓа и ставете го како шаблон врз блузата од која сакате да направите нов. Нацртајте ги внимателно сите рабови со креда (должина, ракави, јака) и исечете внимателно од надворешната страна на линијата. Доколку немате топ кој ви служи како модел, тогаш нацртајте самите облик кој ќе одговара на вашето тело и вкус.

2. Свртете ја блузата наопаку и превртете ги рабовите кои ќе бидат пораб.

3. Испеглајте ги добро завртените рабови.

4 Залепете ги рабовите на блузата со мала количина лепило и завртете ја блузата на вистинската страна.

Вашиот кроп-топ е готов и можете да го комбинирате во најразлични комбинации: Со шорцеви, пантолони, здолништа со висок струк… Изборот е ваш!

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира