Прекрасни фустанчиња за пролетта што доаѓа

Сподели

Дами, време е да се подготвите за пролетта и да го збогатите плакарот со по некое ново фустанче. Доколку немате идеја, еве неколку предлози што можеби би ви помогнале.rn

Реклама

Дводелен фустан

rnДводелниот фустан е одличен избор како за полежерни, така и за поелегантни пригоди. Без разлика дали одите во дискотека или на формален настан, ќе изгледате софистицирано, секси и прибрано истовремено. Долниот дел може да биде и во форма на буквата „А“ за уште покласичен изглед, а доколку сакате да делувате поразиграно, одберете шарен, горен дел, што ќе се разликува и ќе биде позабележителен.rn

Тесен припиен фустан

rnВаквиот фустан е краток и многу припиен до телото, а тоа го прави одличен за на пролет. Претставува супер избор за вечерно излегување во некој клуб. Доколку сакате да бидете повпечатливи, одберете некој во јака боја. Комбинирајте го со високи потпетици. Накитот не е задолжителен, бидејќи сам по себе овој фустан е доволно секси и привлечен.rn

Фустан без ракави

rnВаквиот фустан можете да го најдете во безброј интересни и слатки варијанти и бои. Делува отмено, лежерно и секси истовремено. Комбинирајте го со нежен, лесен накит, што првенствено ќе биде одраз на вашиот личен стил.rn

Фустан со набори

rnНаборите се повторно во мода! Слатки, нежни и неодоливи. При изборот на ваков тип фустан, најдобро е да се одлучите за посветла, пастелна нијанса. Наборите сами по себе привлекуваат доволно внимание и се доста комплексни, затоа не оптоварувајте го изгледот со дополнителен накит и носете го со балетанки.rn

Тантелен фустан

rnТантелата е безвременска класика што може да се носи во текот на целата година. Зиме, вообичаено се избира тантелен фустан во црна или друга темна боја, но пролетта е време за поживи и повесели бои. Затоа, одберете некоја повпечатлива и разиграна боја. Супер избор се пократките тантелни фустани со затворен грб.rn

Фустан со светки

rnНе мора да значи дека фустаните со светки се носат само на големи и значајни прослави. Ваквиот краток фустан изгледа лежерно и урбано, а е совршен избор за излегување во дискотека и слично.rn

Нијанси на сино

rnСините нијанси како аквамаринот, тиркизот, морнарско сината, како и бојата на коралот се хит за оваа пролет. Па доколку ви се омилени, дојде времето кога може да ги облечете и да бидете тренди, шармантни и заводливи.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира