Не е важно колку години имате, единствена работа што никогаш не „умира“ се правилата на женското пријателство. Понекогаш е добро да разговарате за некои проблеми и да ги поддржувате своите пријателки, но исто така постојат работи за кои би било подобро да стоите што подалеку од нив. Ова се работи што најдобрите пријателки (не) треба да ги прават.rnrn
rn
Работи што треба да ги правите:
rnПоддржувајте ги! Не треба секогаш да се согласувате со вашите пријателки, но секогаш треба да ги поддржувате. Без разлика за што станува збор, дали е тоа прекин на долгогодишна врска или пак бојадисување на косата во руса. Бидете тука за нив, особено ако тие се премногу чувствителни.rnrnСослушајте ги! Живееме во време кога сме премногу зафатени. Поентата на пријателството е да бидете тука за нив во добро, лошо или во што и да е измеѓу. Без разлика колку сте зафатени, потрудете се да одвоите малку од вашето време за да разговарате со вашите пријателки, особено ако на нив навистина им е потребно тоа.rnrnОхрабрете ги! Животот може да биде застрашувачки, може да биде тешко да оставите нешто зад себе или пак да пробате нешто ново. Дозволете им на вашите пријателки да знаат дека сте тука за нив и дека ќе ги поддржувате во сѐ што тие замислиле. Најдобрите пријатели никогаш не дозволуваат своите пријателки да прават луди работи… без нив!rnrnКажете им ја вистината, дури и кога е болна! Иако понекогаш сите ние сакаме да слушнеме дека момчето што ни го скршило срцето ја сфатило својата грешка и сака да ја поправи, овие лаги нема да му помогнат никому. Вистинската пријателка ќе ви го каже она што треба да го слушнете, а не она што сакате. Така е најдобро за сите.rnrnИстакнувајте ги нивните позитивни страни! Сите ние поминуваме некој период во животот кога мислиме дека сè излегува од контрола и немаме никој покрај нас. Додека вашите пријателки минуваат низ ваква фаза не заборавајте да ги потсетите на сите позитивни особини што тие ги имаат. Сите добри работи што им се случиле и она што го направиле за вас. Помогнете им кога им е најтешко.rnrnПомогнете им да бидат најдобрата верзија од себе! Ако дознаете дека вашата пријателка има потешкотии околу нешто, помогнете ѝ. Доколку таа има важна презентација која треба да ја заврши до утре помогнете ѝ или пак предложете ѝ некои идеи. Бидете тука за неа и помогнете ѝ да биде најдобрата верзија од себе.rnrnСфатете дека пријателството е реципрочно! Може да ги вложите сите напори во вашето пријателство, но како и во сите односи, тоа е двонасочна улица. Ако давате повеќе отколку што примате, можеби е време да го преиспитате тоа пријателство.rnrnПланирајте ги вашите излегувања! Најважно е да ги одржувате работите свежи. Може лесно да западнете во рутина гледајќи постојано една иста серија. Следниот пат, заедно со вашата пријателка, облечете нова облека и посетете нов ресторан, или пак пробајте нешто ново. Ќе имате заедничка авантура што ќе ви ги зацврсти вашите односи уште повеќе.rnrnСмејте се! Што е поентата на пријателството без смеа? Многу е важно да се смеете заедно во среќните, но и во тажните моменти. Запомнете дека треба да се забавувате! Сепак, создавате заеднички спомени.rnrnСфатете дека е многу тешко да најдете вистински пријатели! „Кога некој ќе ви покаже каков е, верувајте му.“ – Маја Ангелоу. Ако вашите пријателки се подолго време во вашиот живот, тогаш тоа е доказ дека тие се тука за вас и ве сакаат. Дозволете им да знаат дека вие го цените тоа и дека покрај нив сте она што навистина сте.rnrn
rn
Работи што НЕ треба да ги правите
rn Не зборувајте им зад грб! Тие ќе дознаат! Ако не ви се допаѓа нешто во врска со вашите пријателки, кажете им го тоа веднаш. Не зборувајте зад нивниот грб ако не сакате вашите пријателки да го дознаат тоа од некој друг. А тоа верувајте, воопшто не е добро за вас и вашето пријателство.rnrnНе откривајте ги вашите тајни! Ако имате заедничка доверба, не кршете ја. Не е важно дали личноста на која ќе ѝ ја откриете тајната ја познава вашата пријателка или не. Тоа е голем прекршок. Сигурно вие не сакате вашите тајни да бидат откриени некому, дури ниту на некој којшто никогаш нема да го запознаете.rnrnНе менувајте ги плановите! Константното одбивање на плановите е лошо. Договорете се и придржувајте се до планот сè додека навистина немате некоја итна работа. Ако ги одбивате постојано, тие ќе започнат да прават планови, секако без вас!rnrn Не ја ставајте врската пред пријателството! Да, добро е да поминувате поголем дел од своето време со своето момче, но што ќе се случи ако еден ден прекинете? Не можете да очекувате вашите пријателки да бидат тука за вас ако целото свое време сте му го посветиле на вашето момче. Потрудете се да го распределите своето време подеднакво.rnrnНе натпреварувајте се со нив! Вие сте пријателки, не натпреварувачи. Не одете намерно по она што тие го сакаат или го имаат.rnrnНе повредувајте ги кога имаат тежок период! Ако вашите пријателки минуваат низ тежок период во животот, не им отежнувајте дополнително. Ако немате нешто убаво да им кажете или да ги расположите, молчете.rnrnНе помислувајте на некој нејзин бивш! Не, не, тоа е лоша идеја. Можеби мислите дека тој е љубовта на вашиот живот, но не е. Таа врска нема да успее. Може да сметате дека вашето пријателство ќе заврши ако посегнете по некое нејзино бившо момче.rnrnНе кажувајте дека ќе биде сè во ред, кога нема да биде! Можеби сакате да ги утешите вашите пријателки кога нешто сакаат да постигнат, но исто така е многу важно да не им давате лажна надеж. Подобро да им укажете на тоа отколку да им давате лажни очекувања.rnrnНе го прекинувајте пријателството после едно несогласување! Лесно е да го прекинете пријателството после една караница, но што ќе се случи ако прекинувате со сите пријателки на тој начин? Научете се на компромис и простувајте.rnrnНе осудувајте ги! Нема да правите исти работи како вашите пријателки, но и тие нема да прават исти работи како вас. Тоа е поентата. Ако правите исти работи како вашите пријателки, тогаш може да се дружите сами со себе. Почитувајте ги нивните различни размислувања и однесувања.