Влакната се едни од најголемите непријатели на женската убавина и жените во борбата со нив се подготвени на употреба на различни средства. Едно од нив е брзото и ефикасно бричење.rnrnИако бричењето на око изгледа едноставно, сепак, за да избегнете иритација, создавање на ранички, како и да ги отстраните влакната на најоптималниот начин, треба да ги почитувате следниве правила.rnrn
rn
Бричењето на нозете оставете го за на крајот на туширањето
rnТуширањето со топла вода во траење од неколку минути ги прави влакната меки, што го олеснува отстранувањето на влакната со бричот подлабоко по површината на кожата.rn
Задолжително користете пена за бричење
rnДоколку немате пена за бричење при рака, користете регенератор, шампон или гел за туширање. Со некое од овие средства намачкајте ги нозете и на тој начин на жилетот ќе му дадете подлога по која лесно ќе се лизга наместо директно да го оштетувате горниот слој од кожата.rn
Не користете жилети за еднократна употреба
rnТие се добри само за едно или две користења. Наместо такви, купете жилети со заменливи сечила. Во тој случај штом почувствувате дека сечилото веќе малку отупело и морате појако да притискате, време е да го промените.rn
Исплакнете го жилетот после секој потег со раката
rnМажите кога се бричат, после секој потег со раката го плакнат бричот. За разлика од нив, многу жени практикуваат во еден потег да ја избричат цела нога до колено. На тој начин на ефикасноста на бричот влијаат мртвите клетки од кожата и кремите кои се собираат на сечилото.rn
Кога сте на море бричете се навечер
rnЖилетот предизвикува микроскопски посекотини, па ако веднаш после бричењето појдете на плажа, ќе го имате ефектот „сол на рана“. Освен тоа, нозете во текот на ноќта малку отекуваат, па тоа ќе ја сокрие вистинската должина на влакната додека да станете следното утро.rn
Заобиколете ги иритираните подрачја
rnДоколку на некои места кожата ви е иритирана од убод од инсект или имате некоја раничка, заобиколете ја со бричот. Жилетот може да ја прошири иритацијата од едно место на друго.