КАФЕ ПАУЗА

Силни девојки, отворете го срцето и чувствувајте со целата душа!

Written by

in

,

Заборавете ги сите оние коментари дека силните девојки не чувствуваат, ниту пак љубат или се грижат. Заборавете на идејата да бидете горди кога држите сè потиснато во себе. Заборавете да се сакате помалку кога имате потреба да експлодирате со емоции. Едноставно заборавете на овие нешта и препуштете им се чувствата.rnrnrnrnПочувствувајте ја косата што ветрот ви ја дува наназад додека излегува гласна смеа од вашето грло. Почувствувајте ја болката во стомакот и солзите што ви се слеваат по образите кога едноставно не можете доволно да се изнасмеете.rnrnПочувствувајте ја слободата во вашата душа додека танцувате во вашата соба. Почувствувајте ја сензацијата на косата што ве милува по лицето додека сте изгубени во песната. Секогаш чувствувајте ги зборовите што ве допираат во срце, и што во тој момент, конечно ги разбирате.rnrnПочувствувајте го скршеното срце кога ќе ве повредат. Предајте ѝ се на болката и исплачете се колку што ви е потребно. Почувствувајте го стравот и лошото чувство во стомакот. Исфрлете ги сите овие негативни емоции така што ќе ги доживеете во целост.rnrnПочувствувајте го гневот што ви ја пали кожата кога ќе сфатите дека сте биле лошо третирани. Почувствувајте го разочарувањето кога сте доживеале неуспех откако сте направиле сè правилно. А потоа, вратете се назад во сегашноста и бидете уште подобри.rnrnЧувствувајте ги сите овие нешта и сакајте се повеќе од кога било порано, затоа што на тој начин веќе нема да има негативен глас во вас што ќе се обидува да ве убеди дека не вредите или дека не го заслужувате животот што сакате да го живеете.rnrnВеќе нема потреба да се осудувате кога ќе ја покажете својата душа или кога ќе се „разголите“ емотивно пред некого. Веќе не треба да се двоумите дали сте силни поради емоциите што ги чувствувате. Нема потреба ни да притискате сè во себе и да се повредувате.rnrnНе треба да бидете отрпнати за да бидете силни. Вие треба да чувствувате – потребна ви е љубов и потребна ви е грижа! Дури и кога е тешко. Особено тогаш. Затоа што токму во тие моменти и вие сте најсилни!rnrnЗатоа, од сега па натаму, секогаш чувствувајте!rnrnДознајте и зошто најсилните девојки се оние што имале најлошо детство!