4 причини за да јадете путер од кикиритки

Сподели

Путерот од кикирики не се употребува многу во исхраната кај нас, но има многу причини за веднаш да го внесете во вашето мени.

Реклама

rn

Ги гради и обновува мускулите

rnСамо две големи лажици путер од кикирики содржат вкупно 7 грама протеини, исто колку и едно јајце. Помага во изградбата на мускулите, како и во нивната обнова после напорните физички активности.rn

Го намалува гладот

rnИстата количина на путер од кикирики содржи само 2 грама диетални влакна, кои не се многу, но во комбинација со протеините можат подолго да ве одржат сити. Исто така, помагаат за подобра апсорпција на останатите диетални влакна внесени во истиот оброк. Затоа е доста добар избор ако ви се јаде пред да легнете да спиете.

rn

Намален ризик од срцеви заболувања

rnЗаситените и незаситените масти во путерот од кикирики се во ист сооднос како и маслиновото масло. Тоа се здрави маснотии кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.rn

Други здравствени придобивки

rnПутерот од кикирики е богат со Б и Е витамини, а од минералите содржи калиум, магнезиум, цинк, фосфор, калциум и бакар. Овие состојки придонесуваат пред сè за подобра работа на мускулите, нивна обнова, поздрави заби и коски, како и посилни нерви.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира