Автор: Ивана ПетковскаrnrnСите професионалци во шминкањето тврдат дека она што мора секоја девојка да го има е маскарата. Во право се. Маскарата е дел од шминката што не смее да се изостави. Нејзината моќ за момент да ја смени сликата на женските очи е непроценлива. Таа е „must have“ парче во секој женски несесер. Особено се препорачува за дневната шминка, којашто може да содржи само маскара и сјај за усни, а сепак да имаме гламурозен изглед.rnrn
rnrnЕве неколку прашања и одговори за маскарата што сигурно би сакале да ги знаете:rnrn
1. Дали треба да ставаме два слоја маскара и зошто?
rnИ самите при нанесувањето можете да забележите дека еден слој маскара не е доволно драматичен, но повеќе слоеви маскара создаваат неверојатно густи трепки коишто во светот се познати како изглед на „пајакови нозе“.rnrn
rn
2. Кога треба да се нанесе вториот слој маскара?
rnВториот слој маскара не смее да се нанесе веднаш после првиот. Треба да почекаме некое време за малку да се исуши претходниот слој, но не целосно, затоа што нанесувањето маскара на веќе исушен слој, може да доведе до згрутчување на трепките.rnrn
3. Како да го спречиме размачкувањето при нанесување маскара на долните трепки?
rnЗавиткајте марамче под очите и со едната рака држете го, додека со другата рака ќе нанесувате маскара. При тоа внимавајте да не притискате силно со марамчето за да не доведе до размачкување на веќе нанесената маскара.rnrn
rn
4. Дали може да се користи подвиткувач за трепки после нанесувањето на маскарата?
rnПодвиткувачот може да се користи пред и после нанесувањето на маскарата, но попрепорачливо е пред нанесување. Но, доколку подвиткувачот го користите по нанесувањето на маскарата, претходно мора да сте сигурни дека таа е целосно исушена затоа што може да дојде до слепување на трепките. rnrn
rn
5. Како да го спречиме пребрзото сушење на маскарата?
rnСите знаеме дека најдолгиот период на траење на една маскара откако е отворена, треба да биде максимум 6 месеци. После нанесувањето на маскарата, треба да ја затворите цврсто и секогаш одбегнувајте влечење на четкичката внатре и надвор од маскарата затоа што тоа доведува до нејзино побрзо сушење како резултат на пропуштање воздух во тубичката.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
