КАФЕ ПАУЗА

Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

Повеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладите

Со доаѓањето на летото се појавија и високите температури, па дури и првиот топлотен бран за оваа година. Ова е причината зошто многумина ги бараат најдобрите начини за разладување. Сладоледот и ладните пијалаци овозможуваат само привремено разладување. Ако барате нешто што ќе ви помогне да се разладите однатре, потенцијално решение се растенијата.rnrnПовеќе од моментално освежување: Растенија што ќе ви помогнат да се разладитеrnrnНајважно е да користите квалитетни растенија. Некои од нив не се добри за консумирање со одредени лекови, а некои може да предизвикаат алергиски реакции. Ако земате лекови или имате некакво заболување, разговарајте со вашиот лекар.rnrnРастенијата влијаат на ткивата на телото, не само на вашите рецептори за вкус. Во продолжение има список на растенија што можат да ја намалат телесната температура и да ви помогнат да се разладите.rn

1. Коријандер

rnКоријандерот е одличен додаток на супи, сосови и салати.rn

2. Нане

rnПијте го како чај, земете го во форма на додатоци или направете течен спреј за тело за моментално разладување.rn

3. Роза

rnРозата може да се користи во ароматерапија, како вода од роза или како мирислив чај.rn

4. Лаванда

rnМожете да користите лаванда во дифузер, локално или како дел од купка или пијалак.rn

5. Копар

rnКопарот може да го додадете во супи, чорби, сосови, преливи итн. Тој е одличен додаток на компирот и на омлетот. Иако се користи за ароматизирање на киселите краставички, избегнувајте ги кога сакате да се разладите затоа што тие се сметаат за храна што затоплува бидејќи се ферментирани и кисели.rn

6. Камилица

rnПрвата опција е да пиете чај од камилица, но има и масло од камилица што можете да го користите локално. Меѓу другото, ги ублажува егземата, осипите, артритисот и болките во грбот.rn

7. Кардамон

rnКардамонот често се користи при готвење, особено за подготовка на кари, чорби или колачи со ѓумбир.rn

8. Бозел

rnОбично се користи за правење сируп, но може да се додаде во џем и други јадења. Исто така, постои и чај од бозел.rn

9. Лимонова трева

rnМоже да биде дел од освежителен пијалак или чај, а исто така можете да ја додадете во супи. Има мирис на цитрус и изразен вкус.rn

10. Хибискус

rnЦветовите од хибискус се користат за чај, но можат да бидат и дел од десерти, џемови или салати.rnrnПрочитајте кои 8 намирници ги менуваат состојките во различни услови.