Постојат толку многу различни дефиниции за љубовта што тешко е да се најде вистинската. Секој има различно сфаќање за најинтензивното чувство што постои кај луѓето. Научниците тврдат дека љубовта е начин да се пополни егзистенцијалната празнина во човечкиот живот. Некои мислат дека нѐ привлекуваат луѓето со кои мислиме дека би имале убави деца. Други, пак, сметаат дека љубовта се сведува на секс.rnrn
rnrnНе постои точна дефиниција за љубовта, бидејќи постојат толку многу различни критериуми врз основа на кои одлучуваме кому ќе му ги кажеме магичните зборови „Те сакам“. Романтичната љубов претставува комплицирана мрежа од копнеж, желба, страст, интимност и уште многу други нешта. Прочитајте ги следниве 6 малку поинакви дефиниции за љубовта кои можеби ќе ви ги променат досегашните сфаќања за оваа силна емоција и ќе ве наведат на размислување…rn
1. Љубовта е спасение
rnГрчкиот антички филозоф Платон ја опишал љубовта како соединување. Во неговата античка книга за љубовта „Симпозиум“, ликот Аристофан објаснува дека луѓето биле тркалезни суштества со 4 раце, 4 нозе и 2 лица. Тие ги нападнале боговите и за да ги казни, Зевс ги преполовил. Оттогаш луѓето се обидувале да ја најдат нивната друга половина и копнееле по тоа да се вратат во првичната целина.rnrnОвој мит ја поттикнал идејата дека романтичната љубов е соединување на двајца поединци кои си ги надополнуваат меѓусебните недостатоци и заедно создаваат единствено битие. Со оглед на тоа што се верувало дека постои само една личност која може да го направи ова, се всадила идејата дека наоѓањето на другата половина ќе доведе до совршена среќа и ќе создаде моногамна и вечна врска која ќе се заснова на меѓусебно разбирање и надополнување.rnrnПостојат многу современи дефиниции за романтична љубов кои вклучуваат делови од митот на Аристофан. На пример, во денешно време постојано се зборува дека љубовниците треба да се сродни души, дека во врската не постојат повеќе заменките „Јас“ и „Ти“ туку „Ние“, а сите копнееме по тоа да ја најдеме „вистинската“ личност за нас.rn
2. Љубовта е страст
rnЉубовта е како возбудливо возење на луда железница. Физичката привлечност е интензивна, емоциите полудуваат и се создава длабока поврзаност меѓу две лица. Проблемот е во тоа што страста избледува. Сте го гледале филмот „Играј валцер со мене“ (Take This Waltz)? Ако сте го гледале, тогаш сигурно знаете дека Маргот ја заменува стабилната врска со Лу за интензивната хемија што ја има со Даниел. Меѓутоа, страста меѓу нив исчезнува откако ќе се уморат од експериментирањето со нивните сексуални фантазии.rnrn
rn
3. Љубовта е желба за основање семејство
rnЉубовта нѐ наведува да мислиме дека нејзината суштина лежи во постигнувањето вечна среќа и задоволство, но во реалноста тоа е само една илузија која успева да нѐ убеди дека треба да се размножуваме. Ова е мислењето што го делат филозофот Шопенхауер и другите еволуциски теоретичари. Тие верувале дека целта на страста е да доведе до репродукција и дека интимноста служи за да ја одржи врската и да му овозможи на детето подобри услови за преживување. Не звучи многу романтично, се согласувате?rn
4. Љубовта е постоење на заеднички интереси
rnЛуѓето се вљубуваат во оние личности со кои имаат слични приказни и искуства. Колку поголеми разлики постојат меѓу приказните на љубовниците толку поголем е ризикот од фрустрација во врската. Според ова гледиште, спротивностите не се привлекуваат.rnrn
rn
5. Љубовта е личен развој
rnКога сме вљубени, ние учиме еден од друг, изложени сме на нешта кои никогаш претходно не сме ги доживеале, запознаваме нови луѓе и стекнуваме нови пријатели. Според тоа, љубовта е еден вид развој на тој начин што го запознаваме светот од еден поинаков аспект и се наоѓаме во ситуации кои не се вообичаени за нашето секојдневие.rn
6. Љубовта е пријателство
rnАко вљубените имаат среќа, минливата страст ќе еволуира во длабоко, значајно и долготрајно пријателство или во едноставно партнерство кое ќе им помогне на партнерите да се справат со осаменоста. И во двата случаи ќе се намалат експериментите во спалната соба, но барем ќе знаете дека имате човек кој секогаш ќе биде тука за вас.rnrnСо која дефиниција за љубовта се согласувате вие?rnrnДоколку сте во љубовна врска, но не сте сигурни дали сте ја пронашле вашата сродна душа, ова се 10-те знаци дека тој е вистинскиот човек за вас.