Научниците откриле дека постојат 6 типови луѓе кои имаат проблем со прекумерна тежина. Во која група спаѓате вие? Дали воопшто имате проблем со прекумерна тежина?rnrn
rn
1. Млади мажи кои многу пијат
rnИ покрај претераната конзумација на алкохол, тие сепак се над просечното ниво според физичките активности, како и според нивната здравствена состојба и општата среќа.rn
2. Средовечни луѓе кои се несреќни или анксиозни
rnВо оваа група спаѓаат повеќе жени одошто мажи. Често патат од несоница, анксиозност и депресија. Покрај тоа што оваа група најмалку конзумира алкохол, тие истовремено имаат и лошо развиена одговорност за негување на својот физички изглед и менталното здравје.rn
3. Постари луѓе кои се среќни, но живеат со некој здравствен проблем
rnТие почесто заболуваат од хронични болести (дијабетес, висок крвен притисок, артритис), но не патат од депресија и анксиозни состојби. Тие се сепак среќни и задоволни од животот.rn
4. Млади здрави жени
rnТие немаат здравствени проблеми кои се поврзани со нивната дебелина. Тие се меѓу најсреќните и релативно здрави. Ретко имаат несоница, анксиозност или депресија и имаат прилично добар квалитет на животот. Често се вклучуваат во физички активности со цел да ја контролираат тежината.rn
5. Постари, но здрави луѓе
rnСкоро сите во оваа група имаат висок крвен притисок, но многу малку други проблеми поврзани со здравјето. Нивното ментално здравје е исто така добро и тие имаат високо задоволство од животот. И тие пијат, но не колку младите момци.rn
6. Луѓе со многу лошо здравје
rnВо оваа група спаѓаат луѓето со најмногу здравствени и ментални проблеми. Тие може да патат од дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со дишењето и артритис. Тие исто така најмногу патат од болка, умор, анксиозност, депресија и инсомнија. Нивниот квалитет на животот и задоволството од него се многу ниски.